Како што објаснуваат луѓето од Бејбицентар што водат евиденција „додека не-муслиманските семејства имаат речиси неограничен опсег на имиња од кои можат да бираат, традицијата и понатаму е многу важна за муслиманските семејства, тука вклучувај го и обичајот на своите синови да им го дадат името Мухамед.“
Бројките што со години ги следи Бејбицентар (главно како дел од нивната кампања за ќарување бесплатен пи-ар околу божиќните празници) се вадат од американското социјално, и според нив Мухамед од 620-ти во 2000, стигнал на 345-то место во 2018.
Да не излезе дека за една година направил скок од 345-то на 10-то место, од Бејбицентар објаснуваат дека нивната математика всушност е збирно од сите верзии на името: Мухамед, Мохамед, Мохамад, Мохамет и слично.
На листата Мухамед влегува на местото Мејсон, а поместување во топ 10 има и кај женските имиња каде Алаја се сместува меѓу десетте најпопуларни на местото на (арапското) Лејла.
Кај девојчињата, Софија, како и целата измината деценија, успешно го држи првото место, а кај машките Џексон ја изгуби првата позиција од Лиам.
Девојчиња
1. Sophia
2. Olivia
3. Emma
4. Ava
5. Aria
6. Isabella
7. Amelia
8. Mia
9. Riley
10. Aaliyah
Момчиња
1. Liam
2. Jackson
3. Noah
4. Aiden
5. Grayson
6. Caden
7. Lucas
8. Elijah
9. Oliver
10. Muhammad