Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кланот од Грчец скастрен, но не и обезглавен

26 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Петмина осомничени од групата Грчец добија притвор поради сомнежи за учество во шверц на стотици килограми кокаин, убиства и перење пари. Шестиот приведен, Оливер Петров, кој е осомничен дека убедувал жртва на групата Грчец да смени изјава во истрага, доби поблага мерка, односно одземен му е пасошот.
  • 10 се во бегство, пишува Сител.
  • Лидерот на групата, Шеваљ Муареми не е уапсен. Со години е надвор од државата од каде раководи со големата скопска криминална група. Според информации на Телма од истрагата, се наоѓа во Дубаи, а полицијата потврдила дека таму бил и Раде Трајковски-Штекли, скопјанец кого групата на Муареми двапати се обиде да го ликвидира во Ист гејт мол.
  • Фатлум Ајети, викан Тоте, син на убиениот Џељо Ајети пред една деценија, од затворот Идризово, од удобно катче со пура во рака, ја прослави полициската акција против неговите непријатели од подземјето.
  • На платен список на криминалната група од Грчец биле полицајци и судии, тврди Телма.

  • Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочува на тесна поврзаност меѓу лидерот на групата Грчец и новиот технички премиер Џафери. Партијата го истакнува загрижувачкото пријателство меѓу двајцата, пренесува Лидер

извор

Грција од 2027 година ќе блокира социјални медиуми за помлади од 15 години

8 април 2026
  • Share
  • Post
  • Грција од идната година ќе блокира пристап до социјалните медиуми за деца и тинејџери помлади од 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис. Предлог-законот ќе биде поднесен до Парламентот во текот на летото, за да може да стапи на сила на 1 јануари 2027 година.
  • „Сигурен сум дека многумина од помладите ќе ми се лутат. Да бев на ваша возраст, можеби ќе се чувствував исто. Но, зависноста предизвикана од дизајнот на некои апликации, моделот на правење профит од вашето внимание, од тоа колку време поминувате пред екранот на мобилниот телефон и одземањето дел од вашата невиност и слобода, мора во некој момент да заврши“, порача Мицотакис преку видео на ТикТок.
  • Конзервативната влада на Мицотакис веќе забрани употреба на мобилни телефони во основните и средните училишта и долго време најавуваше ограничувања на социјалните медиуми.
  • „Грција ќе биде меѓу првите земји што ќе преземат таква иницијатива. Но, сигурен сум дека нема да биде последна. Имаме намера да извршиме притисок врз Европската Унија во таа насока, додаде Мицотакис.
  • Британија, Франција, Португалија и Шпанија, планираат слични ограничувања на младите за пристап до социјалните медиуми. Австралија беше првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат платформи на социјалните медиуми.

извор

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!

8 април 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

4

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
5

Еден обичен ден во Скопје

Македонштина
6

Проблемот боли, уште повеќе боли решението

Видео
7

Русија не е Америка, Зеленски нема да заврши како Мадуро

8

Ѕверот беше помал проблем

Видео
1

Трамп: Вечерва ќе умре цела цивилизација!

2

Најодликуваниот австралиски војник уапсен поради воени злосторства

3

Хрватски машиновозач со 11 смртни случаи

4

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Свет
5

Русија не е Америка, Зеленски нема да заврши како Мадуро

6

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Свет
7

Израелците купуваат оружје од САД, плаќаат Американците

Свет
8

Како Хамнеи и Трамп го договориле примирјето

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Македонштина

Еден обичен ден во Скопје

Балканштина

Го докопаа

Балканштина

Се сретнале двајца научници на Фејсбук

Македонштина

Стан во кој нема да сте сами

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Шампионите од Шутка

Прибидејќи растена на Касандра, го побара Стево за татко

Стинг за смртта и за дрогите

Мојата зелена комбинација

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy