Нашиот женски ракометен првак остана непоразен на тешкиот гостински терен против германскиот противник Турингер со 24:24 и со тоа го задржа патот за пласман на фајнлфорот во Будимпешта кој ќе го брка во последното коло од групната фаза во ЛШ.
Истите луѓе што пред 10 години од најразлични Авганистани и Пакистани пребегале во Грција, денес бегаат од Грција затоа што животот таму не се поднесува. Сега патот за Европа ги води преку Лојане и Суботица.
Избраничките на Индира Кастратовиќ го почувствуваа првиот пораз во најквалитетно клупско европско натпреварување. Во четвртиот натпревар од втората фаза во ЛШ Вардарки загубија минимално на гостувањето во Икаст од Митјиланд со 25:24.
Во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во Лигата на шампионите ги добија противниците во осминафиналната фаза. Вардарци ја имаа најтешката ждрепка против Хамбург, додека на тимот од Автокоманда им се падна најпосакуваниот противник.
Во тешка рововска и тензична битка ракометарите од Автокоманда успеаа да направат сензација и да ја совладаат големата Барселона која го претрпе првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Конечниот резултат беше 31:29.
Најскапиот состав во историјата на Лигата на шампионите му го нанесе највисокиот пораз на македонскиот првак од 35:25 во последното коло од групната фаза со што Парижаните и дефинитивно си го обезбедија второто место во групата.
Неприкосновениот каталонски гигант е последниот гостин во „Борис Трајковски" во групната фаза од ракометната Лига на шампиони кој му гостува на тимот од Автокоманда. Заедно со Веспрем се единствените две екипи кои не знаат за пораз оваа сезона.
Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.
Актуелните шампионки на Македонија одиграа тежок и неизвесен меч во третото коло од Лигата на шампионите против Митјиланд, но во неизвесното второ полувреме беа поконкретни и со победа од 24:23 се со една нога во фајнл форот.
Ракометарите на Вардар викендов го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите пред своите навивачи против аутсајдерот Вакер Тун, противник кој го пречекуваат без притисок, но со голема внимателност.
Сабајлево (четврток, 13-ти февруари 2014) душата ја испуштил и телото си го смирил еден од последните олд скул десперадоси на скопската урбана сцена, Ѓорѓи Ѓорѓиевски Џокер.
Актуелниот шампион на Македонија викендов го продолжува патот кон посакуваниот фајл фор, а следната пречка пред домашната публика е Митлијанд кој е реномиран и долгогодишен дански претставник на меѓународната сцена.
Актуелниот шампион на Македонија го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и со победа над Динамо Минск, дебитантска за новиот стратег Раул Гонзалес во ЛШ, предвреме обезбеди пласман во топ 16 фазата.
Ракометарките на ЖРК Вардар по драматична завршница на вториот натпревар од втората фаза на Лигата на шампиони, одиграа нерешено на гостувањето кај Савехоф во Шведска.
Оригиналот гласи дека времето е злато, ама во некои земји и пивото знае да биде слично ексклузивно. Прашањето е: ако си на минималец, колку време треба да работиш за едно пиво? Одговорот гласи вака:
По пауза од 70 дена кога го одиграа последниот натпревар од Лигата на шампиони против Барселона, ракометарите на Вардар продолжуваат со настапите на европска сцена, а в недела за противник го имаат тимот на Динамо Минск.
Тимот на Индира Кастратовиќ одлично го стартуваше патот кон фајн форот во ракометната Лига на шампионите. Првиот противник од Германија, тимот на Турингер падна во „Борис Трајковски" и си замина поразен со резултат 31:25.
Актуелниот македонски ракометен шампион во женска конкуренција борбата за пласман во фајнл форот ја започнува против германскиот тим Турингер, меч кој е закажан за в недела со почеток од 18 часот во салата „Борис Трајковски".
Раул Гонзалес е новото име кое седна на клупата на македонскиот ракометен шампион. Тој е четвртиот тренер оваа сезона во таборот на „Црвено црните" кого го очекуваат предизвици на три различни фронта.
По сите претходни најави, но и желби на навивачите газдата на двете ракометни екипи на Вардар, го презеде во свои раце и најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.