Вардар со европскиот шампион, Металург против Колдинг

Во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во Лигата на шампионите ги добија противниците во осминафиналната фаза. Вардарци ја имаа најтешката ждрепка против Хамбург, додека на тимот од Автокоманда им се падна најпосакуваниот противник.

Вардар и Металург со заедничниот пласман во нокаут фазата испишаа нова историја за македонскиот ракомет кој за прв пат има два претставника во топ 16 фазата од најквалитетно клупско ракометно натпреварување.

Македонскиот шампион како четврто пласиран во групата го доби најтешкиот противник од првиот барабан и актуелен шампион на Европа, тимот на Хамбург, додека Металурзите кои завршија трети ќе се соочат со данскиот преставник Колдинг.

Првите мечеви скопските екипи ќе ги играат во „Борис Трајковски“ во периодот помеѓу 19 и 23 март, а реваншите се седум дена подоцна.

Осминафинални двојки:

Кил - Мотор Запорожје
Барселона - Алборг
Хамбург - Вардар
Веспрем - Висла Плок
ПСЖ - Горење Велење
Цеље - Флензбург
Металург
– Колдинг
Кјелце - Р.Н. Левен

25 февруари 2014 - 12:21