Актуелниот женски ракометен шампион на Македонија е се поблиску до завршниот турнит од Лигата на шампиони. По победата над Турнигер, избраничките на Кастратовиќ овој пат ремизираа со шведскиот Савехоф.
Домаќинките имаа предност во текот на целиот натпревар, а Вардар за прв пат поведе дури во 59-та минута (26:27), но Савехоф израмни за конечни 27:27.
Андреа Лекиќ со седум погодоци беше најефикасна ракометарка на Вардар, а на голот одлична беше Ина Суслина која одбрани 14 удари.
Следниот викенд ЖРК Вардар ја пречекува екипата на Митјиланд.