На јавниот повик на Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Самсоненко беше единствениот кој се понуди да ги откупи акциите на Вардар и од сега тој ќе биде мнозински сопственик на седумкратниот првак на Македонија.
Рускиот бизнисмен ќе раководи со ФК Вардар во наредните 10 години и ќе биде обврзан да инвестира по минимум милион евра годишно. Од него ќе се очекува да го подигне квалитетот на македонскиот фудбалски бренд за што подобро претставување на меѓународна сцена.
Како целосен сопственик тој ќе има право да именува нова раководна структура, а според пишувањата на некои портали нов тренер на „Црвено црните" се очекува да биде поранешниот селектор на Македонија, Ѓоко Хаџиевски.