Претседателот Зеленски го објави во целост новиот план за крај на војната во Украина, усогласен на преговорите со САД. Прашањето за територијална поделба го издвојува како најважно и за него сака да разговара директно со претседателот Трамп. И Путин е брифиран за преговорите на пратеникот Дмитриев со американските преговарачи Виткоф и Кушнер во Мајами.
Три години Западот раскажуваше приказни за неизбежниот пораз на Русија. Време е да се соочи со неизбежен факт: Специјалната воена операција на Путин ги постигна своите најважни цели. Путин не ја освоил или потчинил Украина, или барем сè уште не, но ја разоткри фундаменталната слабост на Западниот сојуз и можеби трајно го расцепил.
Акциите на Корпорацијата Трамп скокнаа за 70% по спојувањето со стартапот за нуклеарна фузија TAE Technologies, во договор вреден 6 милијарди долари. Критичари укажуваат на сомнително испреплетување на личното богатство на Трамп со неговите планови како претседател да поттикне развој на нуклеарни централи, кои им се неопходни на огромните центри за податоци.
Од кога интернетот всушност пропаѓа? Од пред неколку години, кога се случи плима на апокалиптични поиими, сите оние реијџбeитови, думскролови и бреинротови? Или пред една деценија, кога следејќи го Доналд Трамп почнавме да зборуваме за лажни вести? Или уште порано? Спојлер: интернетот пропаѓа откако знаеме за него.
Додека ја водат дипломатската офанзива за крај на војната во Украина, емисарите Џаред Кушнер и Стив Виткоф имаат време да промовираат нов проект за трансформација на Газа во хај-тек метропола. Ако на зетот на Трамп му пропадна обидот да направи луксузен хотел од бомбардираниот Генералштаб во Белград, како ли ќе излезе на крај со Хамас во Газа?
Инспирирани од Илон Маск, кој има „легија“ од најмалку 14 деца, кинески тајкуни ги користат лабавите закони за сурогат мајчинство и ин витро оплодување во САД за да создадат големи семејни династии. Еден се пофалил дека потрошил десетици милиони за да стане генетски татко на сурија од повеќе од сто деца на кои ќе им ја остави компанијата во наследство.
Џулијан Асанж поднесе тужба против Нобеловата фондација поради доделувањето на Наградата за мир на Марија Корина Мачадо, која ја поддржува американската агресија врз Венецуела и повикува на војна. Ако ѝ ја исплати наградната сума на Мачадо, Фондацијата ќе биде одговорна за финансирање на воени злосторства и ќе треба да одговара пред Меѓународниот кривичен суд.