Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ја отповикуваат амбасадорката Агелер од Македонија?

22 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонија е меѓу 29-те земји од кои САД ќе повлечат амбасадори и високи дипломати од кариера, со цел да постават персонал што целосно го поддржува принципот „Америка на прво место“ на претседателот Трамп, тврдат извори на Политико и на Асошиетед прес.
  • Според двајца анонимни претставници на Стејт департментот, ќе бидат сменети амбасадорите на САД во Македонија, Црна Гора, Ерменија и Словачка, во 13 земји од Африка и во шест од Азија. Шефовите на мисии биле информирани минатата недела дека нивните мандати ќе завршат во јануари. Не им била дадена причина за отповикувањето. 
  • Сите се дипломати од кариера назначени од администрацијата на Бајден, но не биле опфатени со чистката во почетокот на вториот мандат на Трамп, која главно беше насочена кон политички назначени лица.
  • Искусната дипломатка Анџела Агелер беше номинирана за амбасадорка на САД во Македонија од администрацијата на Џо Бајден во мај 2022 година. По процесот на одобрување, таа ги предаде акредитивните писма на 8 ноември 2022 година.
  • „Отповикувањата се стандарден процес. Амбасадорот е личен претставник на претседателот и право на претседателот е да се осигура дека во овие земји се промовира агендата Америка на прво место“, соопшти Стејт департментот. Оние што ќе бидат погодени од реконструкцијата ќе се вратат во Вашингтон и ќе бидат прераспоредени на други задачи.
извор

Франција меѓу Хитлер и Зјелински

28 март 2026
  • Share
  • Post
  • Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
  • Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
  • Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
  • Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок. 
  • Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
  • Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
извор

ЕУ се брани од слободната трговија како Северна Кореја

28 март 2026
  • Share
  • Post
  • Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
  • Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
  • Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Моментот кога Барди лут, ги враќа играчите на терен

Фудбал
2

Шпанија ги еутаназира силуваните

Разно
3

Керамидите почнаа да ја наплаќаат цената

Македонски рулет
4

Присебниот Тале и долгата змија

Македонштина
5

Како е можно да го заборавиме ОВА?

Забава
6

Јаки бизнис совети, јаки наравоученија

Балканштина
7

Јокиќ: Во САД отидовме со 1.000 евра, а браќата прво купија 100 пара чорапи

Кошарка
8

Не знаете вие што се маки

Балканштина
1

Битола го возвраќа Уда Ро

2

Женево и Богу си скапа

Разно
3

Најбогатите семејства во бизнисот со храна

4

Порно што го нема на Порнхаб

5

Што човек би гласал за Трамп

Разно
6

Со презир и носталгија за Бијело Дугме

Мислења
7

Ема од Скопје: Никогаш не добив книги на Брајово писмо или аудио-книги

8

После Мирка, викаат Хелсиншки и за друго ќе се произнеле

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не знаете вие што се маки

Балканштина

Јаки бизнис совети, јаки наравоученија

Македонштина

Колегијален совет

Македонштина

Присебниот Тале и долгата змија

Македонштина

Земја на одговорност со прегорени осигурачи

Балканштина

Видовитиот дедо

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Национализирајте ни ги децата

Генијалноста на македонскиот инженерски ум

Ја тебја рубљу

Кој курац прави Мајкл Мадсен со својот живот?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy