Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нов пакет за Епстин: Цимерот во ќелијата сакал да го убие?

24 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Неколку недели пред неговата смрт во затвор во Њујорк, Џефри Епстин се жалел дека неговиот цимер од ќелијата се обидел да го убие, се открива во новиот пакет објавени документи од обемното досие Епстин. Тој ја делел ќелијата со Николас Тартаљоне, поранешен полицаец осуден на четири доживотни робии поради четири убиства.
  • Затворските стражари, исто така, неколку пати запишале дека Епстин се обидел да изврши самоубиство. Психологот, сепак, оценил дека тоа не било обид за самоубиство, туку намерен обид да привлече внимание.
  • Неколку недели подоцна Епстин бил пронајден мртов. Новообјавен документ потврдува дека во ќелијата била пронајдена рачно изработена јамка. Медицинско лице и експерт од Министерството за правда извршиле преглед и заклучиле дека Епстин извршил самоубиство.
  • Нема документ што објаснува зошто камерите за надгледување биле исклучени од нејасна причина неколку часа пред смртта на Епстин.
  • Во новиот пакет од 30.000 документи за Доналд Трамп е спомнато само дека осум пати летал во приватниот авион на Епстин и ништо повеќе. Клинтон летал 27 пати.
извор

Форензичар тврди: Епстин бил убиен

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џефри Епстин не се самоубил во затворската ќелија во Њујорк, туку веројатно бил убиен, тврди форензичкиот експерт Мајкл Фримен по едногодишна анализа на фотографии и документи од обдукцијата.
  • Фримен вели дека цела година темелно го проучувал досието од обдукцијата и се обидувал да ги објави своите наоди во научно списание, но сите го одбиле. Вчера ги претставил своите заклучоци пред правната организација Middle Temple во Лондон.
  • Трагата на вратот на Епстин не била мазна и рамномерна линија која се издига кон една точка, како во типичен случај на бесење. Била длабока, неправилна, и се разгранувала на едната страна, тврди форензичарот кој проучува пристрасност и грешки при истраги за смртни случаи. Укажува дека трагите на вратот, гребаници и крварење од мускулот на рамото на Епстин повеќе прилегаат на давење од зад грб.
  • Фриман изјави дека нема претстава кој би можел да го убие Епстин, ниту пак го интересира тоа. Се фокусирал исклучиво на пропустите во истрагата за смртта и во извештајот од обдукцијата. 
  • Канцеларијата на судскиот лекар во Њујорк, која ја изврши обдукцијата, оваа недела соопшти дека „останува при својот заклучок“ дека Епстин извршил самоубиство.
извор

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Мал контингент француски офицери со месеци е присутен во Украина за да обучува украински војници и да помага во одржување на опремата, објави Франс прес, повикувајќи се на анонимен извор.
  • „Ротацијата на француски инструктори кои ѝ даваат поддршка на Украина – било во Франција, Полска или повремено во самата Украина – е реалност. Но, ова апсолутно не е воена операција“, изјавил изворот.
  • Француските пратеници не биле информирани за тајната мисија „Волја“, со која командува генерал. Како параван за распоредување во Украина служи официјалната мисија „Жерфо“ во Полска, која е дел од иницијативата на ЕУ за воена поддршка. Офицери од „Жерфо“ досега обучиле околу 25.000 украински војници.
  • Претседателот Владимир Путин повеќе пати изјави дека Русија во Украина всушност војува против „колективниот Запад“. Се закани дека Москва ќе ги смета за легитимни воени цели сите трупи од членки на НАТО во Украина и се противи на какво било учество на војници од членки на Алијансата во идните мировни сили, кога војната ќе заврши.
  • Британија во март соопшти дека британски инженери се на терен во Украина, каде што работат заедно со Украинците на сервисирање и поправка на воени возила.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Заслужен одговор

Балканштина
3

Беља во најава

Македонштина
4

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
5

Цена на злото

Балканштина
6

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
7

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
8

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
3

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
4

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
5

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

6

Кривична пријава и мерки за претпазливост за охриѓанецот кој ја претепа девојката

7

Се предал битолскиот насилник кој избега од станица

8

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што научив работејќи во геј продавница за фетиши

Една слика вреди илјада реформи

Сè е во нејзини раце

Тест на личноста од Доктор Хаус

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy