Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ја запре лотаријата за зелена карта

19 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Доналд Трамп ја суспендира програмата што на странци им овозможува право на престој и работа во САД, откако се потврди дека „зелена карта“ преку оваа лотарија добил и мажот осомничен за убиствата на Универзитетот Браун и МИТ.
  • 48-годишниот Португалец Клаудио Невеш Валенте е осомничен дека убил двајца студенти на Браун и ранил деветмина, а потоа убил и професор на МИТ во неговиот дом. По неколкудневна масовна потера, Валенте бил пронајден мртов со прострелна рана од самоубиство.
  • Валенте во 2000 година пристигнал во САД со студентска виза, а во 2017 година добил легален статус за постојан престој.
  • „На овој гнасен лик никогаш не требало да му се дозволи влез во нашата земја“, изјави министерката за национална безбедност Кристи Ноем.
  • Програмата за зелена карта нуди 55.000 визи годишно за луѓе од земји со ниски стапки на имиграција во САД. Во 2025 година аплицирале речиси 20 милиони луѓе, а со лотарија биле одобрени визи за вкупно 131.000 кандидати и членови на нивните семејства.
извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Три минути

Мешано
3

Што пејат бе овие?

Фудбал
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
6

Македонија до Колумбија

Разно
7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Нашата Евровизија

Музика
1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

4

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

Почина легендарниот карикатурист Коракс

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каде е Господ после Аполо 8?

CV на македонски генерален менаџер

Girl Power!

Грди жени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy