- Генералниот секретар на НАТО даде големо интервју за Билд во кое рече дека се разгледува и опцијата за праќање војници во Украина.
- Марк Руте отворено го фали Трамп како единствен човек кој можел да го донесе Путин на преговарачка маса и ја одбива идејата дека е можно САД да се повлечат од Европа.
- Според него, сојузниците мора да направат две работи: да ги зголемат издатоците за одбрана и производство на оружје и муниција и да осигураат дека Украина ќе остане вено силна.
- Марк Руте е е убеден дека ако работата стане сериозна, младите во Европа ќе бидат подготвени да земат оружје.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.