Политичари и државници во демократски држави се упатени на тоа да чекаат да видат дали идните генерации ќе го ценат нивниот труд и дела и дали нивното влегување во историјата ќе започне со стандардното именување важни работи (булевари, институции) во нивна чест. Трамп нема трпение да ги чека идните генерации да го дадат својот суд па наголемо сам се става во имињата.
Адвокати што му помагаа на Доналд Трамп во кампањата за поништување на претседателските избори во 2020 година се заинтересирани за изградбата на гасовод од јадранскиот брег до Босна, што би требало да ја ограничи зависноста на Балканот од руски гас. Гасоводот Јужна интерконекција во должина од 232 километри е проценет на 200 милиони долари.
САД завчера ја продадоа првата венецуелска нафта за сума од половина милијарда долари. Но, тие не ги депонираа парите ниту во американски банки ниту ѝ ги вратија на Венецуела, туку ги префрлија на сметка во Катар, каде што се заштитени и недостапни за побарувањата од странските инвеститори, на кои Венецуела им должи 170 милијарди долари.
Првпат после 10 години откако е во егзил во Германија, кинескиот уметник Аи ВејВеј се врати дома, за со синот да ја посетат неговата 93 годишна мајка. Човекот кој беше симбол на кинеската опозиција на властите во Пекинг, после 10 години поминати во Европа, вели дека секојдевниот живот во Кина е многу похуман и поедноставен за луѓето. Во споредба со тоа, човек во Германија се чувствува несигурно и ограничено.
Администрацијата на Трамп објави глобална иницијатива од 11 милијарди долари за доделување здравствена помош на африкански и други земји во развој низ светот, која треба да ја замени несреќната УСАИД. Новото е што парите нема да се испраќаат преку сомнителни невладини организации, туку директно од Вашингтон до владите.
Постепеното укинување на нуклеарната енергија во Германија беше сериозна стратешка грешка, оцени канцеларот Фридрих Мерц и најави обновување на атомските централи и изградба на нови реактори. Неразумната „зелена“ стратегија и запирањето на гасот од Русија ја оставија германската индустрија без доволно енергија, а домаќинствата со најскапа струја.
По долга расправа, европските земји ѝ дозволија на Украина да купува и американско оружје со заемот што неодамна ѝ го одобри Европската Унија. Макрон упорно инсистирал парите да се трошат само на европско оружје – што би значело милијардите од буџетот на ЕУ преку Киев да се прелеат во приватни европски компании. Германија и Холандија го разубедиле.
Не толку одамна, десничарските либерали беа сигурни дека фосилните горива наскоро ќе станат безвредни и светот ќе влезе во светла обновлива иднина. Сепак, како што покажува преземањето на Венецуела од претседателот Трамп, не може да има успешни економии без лесен пристап до нафта и гас. „Империјата на фосилни горива“ го возврати ударот.
Доналд Трамп тврди дека нема никаква врска со семејниот бизнис додека е на претседателска функција, но бодат очи градежните зделки на неговите синови по светот. Организацијата Трамп објави нови проекти за недвижнини во вредност од десетина милијарди долари во Саудиска Арабија - хотел, голф терен и луксузни вили во градот Дирија.
Покрај Венецуела, Доналд Трамп нанишани уште неколку земји во „неговата “западна хемисфера. Колумбија заради производството на дрога, Мексико заради нарко-картелите, Куба заради политичката кауза. Но, на списокот фали една земја која е предводена не од еден, туку од двајца диктатори и во која опозицијата се протерува, затвора или и на друг начин задушува. Станува збор за Никарагва.
Трамп мислеше дека со високи царини ќе ја зафркне Кина и ќе ја крене американската индустрија, ама експертите во Пекинг подготвиле добра одбранбена стратегија. Извозот на кинески производи во САД паднал за 20%, но со навремено пренасочување на трговијата кон други пазари Кина лани остварила рекорден суфицит од речиси 1.200 милијарди долари.
Купот на Африкански нации е нешто што има свој оригинален шмек, тамошните навивачи прават шаренолики спектакли на трибините кои по сè изгледа би можело да ги нема на Светско првенство 2026 летово. Барем не во мера во која ги имаше на сите Мундијали досега.
Макрон и Мелони вршат притисок врз ЕУ да назначи специјален преговарач што ќе ги застапува колективните интереси во преговорите со Русија. Турбо-дипломатијата на Трамп и приближувањето кон Москва не само што ја изолира Европа од мировниот процес за Украина, туку и ја остави без глас во поширокото преуредување на односите на сопствениот континент.