Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ги замрзнаа имигрантските визи за Македонија

15 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стејт департментот соопшти дека ја суспендира обработката на имиграциски визи за граѓани од 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија, за кои има сомневања дека веројатно ќе имаат потреба од социјална помош додека живеат во САД. Суспензијата, која ќе се применува од 21 јануари, нема да се однесува на оние што бараат привремени туристички или деловни визи, кои се огромно мнозинство.
  • „Администрацијата на Трамп става крај на злоупотребата на американскиот имиграциски систем од оние кои би извлекле богатство од американскиот народ. Обработката на имиграциски визи од овие 75 земји ќе биде паузирана додека Стејт департментот ги преиспита процедурите за обработка на имиграцијата за да спречи влез на странски државјани кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции“, соопшти Министерството за надворешни на САД.
  • Во посебно известување испратено до сите амбасади и конзулати на САД се вели дека и апликантите за неимигрантски визи треба да бидат целосно проверени и тестирани за да се процени дали би можеле да бараат социјална помош. Конзуларните службеници може да побараат од апликантите да пополнат посебен формулар во кој се откажуваат од барање јавни бенефиции додека се во САД.
  • Имигрантите што бараат влез во САД веќе се подложуваат на медицински преглед од лекар кој е одобрен од амбасадите. Тие се проверуваат за заразни болести, историја на употреба на дрога или алкохол, ментални здравствени состојби или насилство. Од нив се бара и да имаат голем број вакцини. Новата директива ги прошири проверките на семејниот статус, финансиите, образованието, вештините, познавањето на англискиот јазик и какво било минато користење на јавна помош, без оглед на земјата. 
  • Покрај Македонија, земји погодени од суспензијата се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Целиот список тука.
извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Три минути

Мешано
2

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
3

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
4

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
5

Македонија до Колумбија

Разно
6

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Челси има нов тренер, врвниот стручњак кој правеше чуда со Леверкузен

1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

4

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

Почина легендарниот карикатурист Коракс

7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

Тендери: Кога ќе се навежбаш со едните, ќе бидеш навежбан и за другите

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Off.net.mk - внатрешни препукувања

Т како фестивалот кој го смени Скопје

Генијалци се меѓу нас

Аман, перете ги фармерките

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy