Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Иран се откажа од бесење, Трамп од бомбардирање

15 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Шансите за американски воен удар врз Иран се намалија откако претседателот Трамп изјави дека ирански „многу важни извори“ го убедиле дека нема да бидат егзекутирани демонстранти по кратка постапка. 
  • „Тие рекоа дека убиствата престанале. Денес требаше да има многу егзекуции и тие нема да се случат - и ние ќе дознаеме“, рече Трамп. 

  • Група за човекови права објави дека во средата требало да биде погубен 26-годишниот Ерфан Солтани, уапсен за време на протестите пред една недела. Нема информации дека казната е извршена.
  • Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека „нема да има бесења денес или утре“. Тој додаде дека иранската влада има целосна контрола врз земјата и дека ситуацијата се смирила по „тридневна терористичка операција“.
  • Иран утрово ненадејно 4 часа го затвори својот воздушен простор за комерцијални летови. САД претходно прогласија тревога во базата Ал Удеид во Катар, која Иран ја нападна во јуни како одмазда за тогашното бомбардирање од САД и од Израел. 
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
5

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
8

Важна информација за битолчани

1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

7

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
8

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Во очекување на бомбите од ФИНКИ

Сè е во нејзини раце

Следен предизвик: Да ја вратите и буквата "Т" (дополнување: и "Н")

Македонија одбива да умре

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy