Конгресмени предложија закони за и против грабање на Гренланд
13 јануари 2026
- Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон со кој на претседателот Трамп ќе му се даде овластување да го анектира Гренланд и да го прогласи за американска држава.
- „Претседателот е овластен да преземе какви било потребни чекори, вклучувајќи преговори со Кралството Данска, за анектирање или стекнување на Гренланд на друг начин како територија на САД“, се вели во законот на две страници.
- За да не остане покусо, демократскиот конгресмен Џими Гомез поднесе нацрт закон на три страници за заштита на суверенитетот на Гренланд.
- Двата предлози се оценети како евтина политичка пресметка и се очекува да бидат отфрлени. Мнозинството од демократите и републиканците во Конгресот ја отфрлаат идејата за инвазија на Гренланд, предупредувајќи дека како територија на Данска е заштитен со Членот 5 од повелбата на НАТО и секоја акција може да предизвика колективен одговор од Алијансата.