- Доналд Трамп се закани со царина од 25% за низа европски земји сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
- Најави дека од први февруари воведува 10 посто царина на увоз од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска а на први јуни неа ќе ја зголеми на 25%.
- „Тарифите ќе важат сè додека немаме договор за комплетна и тотална набавка на Гренланд,“ порача Трамп.
- „Секоја навреда, закана, царина и лага што ја добиваме ја зајакнува нашата решеност“, одговори Расмус Јарлов, претседател на данскиот одбор за одбрана: „Никогаш нема да го предадеме Гренланд. Се молиме нашите вистински сојузници да застанат со нас затоа што ќе ни требаат.“
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.