Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Британија ќе мобилизира резервисти до 65 години

16 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • За да ги зајакне резервните воени сили, Британија ја зголемува на 65 години максималната возраст на поранешните војници што може да бидат повикани во строј. Стратегискиот резервен состав досега беше ограничен на возраст до 55 години.
  • Новите правила би требало да стапат на сила од идната година.
  • Новиот закон за оружени сили ги олеснува и критериумите за мобилизирање резервисти. Според сегашните правила, тие може да бидат повикани во случаи на „национална закана, вонредна ситуација или напад врз Британија“. Новиот услов ќе биде „подготовки за воени дејства“, кој сега важи за војниците и офицерите што го напуштиле воениот состав во изминатите пет години.
  • „Мора активно да се подготвиме за можноста Британија да биде под директна закана, потенцијално во воено сценарио“, изјави министерот Пат Мекфаден пред пратениците. Тој ја посочи војната во Украина како „најочигледен и најитен пример“.
  • Планот на лабуристичката влада е да ги зголеми трошоците за одбрана од 2,3% на 2,5% од БДП до 2027 година, што ќе чини 6 милијарди фунти. Премиерот Кир Стармер го прифати условот од Трамп и вети дека Британија до 2035 година ќе троши за одбраната 5% од БДП.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
5

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
8

Важна информација за битолчани

1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

7

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
8

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Самрак на Боговите

Грците предлагале Северна Македонија уште во 1992

Манифест на провинцијалецот

Скопје, не ме заебавај!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy