Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.
11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.
Манчестер Јунајтед остана целосно без компасот кој милиметар не смееше да му мрдне на незаменливиот Сер Алекс Фергусон. Се надминаа себе си сезонава. Имаат повеќе примени голови од дадени.
Тешко се раскажува синоќешниот пресврт од дербито на колото во Премиер лига, меѓу две екипи без карактер, кои котираат на 6-та и 10-та позиција, а едно време демонстрираа моќ и секогаш целеа на титулата.
По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.
Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.
За најтрофејниот италијански клуб несвојствено е да прима по 5 гола на натпревар. Наполи на медиумите им отвори работа да копаат во историјата кога претходно им се случувале вакви порази. Со последните два е поврзан Алегри.
Во првиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил беше немилосрден против ЈП Дрисла, A1 славеше против Гранит, а Ван Хоол и ЈСП си ги поделија бодовите.
По 19 одиграни кола од Бизнис Лигата на Македонија заврши регуларниот дел. Бевме сведоци на сезона која беше полна со неизвесност и борбата за влез во завршниот турнир се водеше буквално до последниот натпревар.