Гранит преку Шпаркасе Банка до влез во Ф8
Гранит 5-1(2-0) Шпаркасе Банка
Гранит: Аце Димитровски 17’ Мартин Ристовски 2’ Марио Петров 22’ 35’ 40’
Шпаркасе Банка: Бојан Пандиловски 23’
Нокаут фазата во која секој натпревар значи борба за шампионската титула ја започнаа екипите на Гранит и Шпаркасе Банка. На самиот старт екипата на Гранит преку Ристовски во 2та минута дојде до водство од 1-0 со што го отвори овој натпревар. По овој гол екипата на Шпаркасе Банка започна со поофанзивна игра во делот на нападот преку која се обидуваше да го анулира водството и да го израмни резултатот. Во ваквата игра екипата на Гранит успеа да искористи грешка во одбраната на Шпаркасе Банка и преку Димитровски во 17та минута успеа да го зголеми водството на 2-0 со што успеа да створи комфортна зона за второто полувреме. Второто полувреме екипата на Гранит преку Петров го зголеми водството на 3-0 со што целосно го стави притисокот врз екипата на Шпаркасе Банка во ваквата поставеност Шпаркасе се обидуваше да фати резултатски приклучок и преку Пандиловски успеа да намали на 3-1. Но Гранит не дозволи изненадување со два гола во самата завршница од натпреварот ја осигура победата со резултат од 5-1.
Во тврд натпревар Ван Хоол го совлада ЕВН
Ван Хоол 2-1(1-0) ЕВН
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 20’ Филип Никодиновски 39’
ЕВН: Вилијам Митев 39’
Во вториот натпревар и борба за влез во Ф8 фазата силите ги одмерија екипите на Ван Хоол и ЕВН, во текот на целото прво полувреме и двете екипи играа доста цврст Фудбал со целосен акцент на игра на одбраната. Се играше егал натпревар. Екипата на ЕВН на средината од полувремето по груб старт остана со играч помалце со што му овозможи на Ван Хоол да атакува на нивниот гол со играч плус. ЕВН одлично беше поставена во одбраната во овој период и успеа да се одбрани од налетот на Ван Хоол. Во самиот финиш од полувремето екипата на ЕВН имаше одлична шанса за гол што не успеа да ја искористи но затоа пак екипата на Ван Хоол буквално со звукот на сирената преку Стаменковски успеа да дојде до предност од 0-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра и на двете страни се играше исклучително агресивно на раб на фаул, екипата на Ван Хоол во самиот финиш преку Николовски успеа да дојде до водство од 2-0. Екипата на ЕВН успеа да постигне гол по грешка во одбраната на Ван Хоол но времето беше сојузник на Ван Хоол кои го добија овој натпревар со 2-1
Џонсон Мети со голман играч не успеаа да го изненадат ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 7-1() Џонсон Мети
ЕЛЕМ: Александар Радевски 25’ 32’ 37’ Александар Аврамовски 9’ 36’ Роберт Здравковски 5’ Тихо Груевски 20’
Џонсон Мети: Христијан Стојановски 15’
Во третиот дуел за влез во завршната фаза и борба за шампионската титула силите ги одмерија екипите на ЕЛЕМ и Џонсон Мети. Во првото полувреме се играше отворен фудбал во кој и двете екипи преку добро поставени напади успеваа да дојдат до отворени шанси за гол. Екипата на ЕЛЕМ беше поуспешна во ваквата игра па прва дојде до водство преку Стојановски на кој му се приклучи Аврамовски за 2-0. Џонсон Мети успеа да ги консолидира своите редови и успеа да намали на 2-1 преку Стојановски но не за долго бидејќи во самиот финиш на полувремето расположената екипа на ЕЛЕМ успеа да зголеми водството на 3-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме Џонсон Мети се обиде со голман играч да го изненади противникот како би фатил резултатски приклучок но ова беше доста ризична игра бидејчи имаа голман во предно поле преку кој ЕЛЕМ успеваше да организира контра напади и да го загрозува голот на противникот. Џонсон Мети со ваквата отворена игра му дозволија на голманот на ЕЛЕМ после одлични интервенции да постигне два гола и да го зголеми водството на 5-1. До крајот на натпреварот разликата која ја направи екипата на ЕЛЕМ беше недостижна за Џонсон Мети кои го загубија овој натпревар со 7-1.
Фабрика Карпош – ГИМ со сериозен пристап до победа над С.Ц. Борис Трајковск
Фабрика Карпош – ГИМ 9-3(4-3) С.Ц. Борис Трајковски
Фабрика Карпош – ГИМ: Стојан Стојковиќ 32’ 35’ Георги Божиков 2’ 30’ Филип Илиевски 6’ 20’ 22’ Игор Николовски 2’ 24’
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 8’ 35’ Дарко Филимановски 17’
Последниот натпревар во завршната фаза го одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и С.Ц. Борис Трајковски, екипата на Фабрика Карпош уште на самиот старт влезе мошне мотивирано со сериозен пристап и уште во првите минути со два последователни гола најави одличен натпревар. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски се обиде да одговори на предизвикот но Фабрика Карпош – ГИМ не потклекна на притисокот па го доби полувремето со 4-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше своја вечер продолжи со добра игра и одлична реализација не дозволуваќи му на С.Ц. Борис Трајковски да влезе во својот препознатлив ритам. Во ваквата игра С.Ц. Борис Трајковски немаше простор за пресврт па на крајот Фабрика Карпош – ГИМ славеше со убедливи 9-3