Макпетрол со одлична игра до сигурна победа над УНИКА

Џонсон Мети, Пивара Скопје и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол со одлична игра до сигурна победа над УНИКА

Макпетрол 6-0(4-0) УНИКА

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 3’18’ Марко Костенцовски 20’ Ибраим Исмаили 37’ Виктор Доневски 11’ 22’

Динамично прво полувреме ни приредија екипите на Макпетрол и УНИКА, двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани со силна желба за победа. Се играше отворен фудбал со точни додавања и удари во рамките на голот. Екипата на Макпетрол искористи грешка во одбраната на УНИКА за почетно водство во овој натпревар од 1-0 а до средината на полувремето успеаа и да го зголемат водството на 2-0. Екипата на УНИКА вршеше константен притисок кон голот на Макпетрол со голман играч ствараше плус во нападот и константно се закануваше, но Макпетрол одлично ја постави одбраната и преку брзи контра напади успеваше да реализира па до полувремето успеа да створи солидна предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одличната игра и од самиот старт успеа повторно да реализира. Екипата на УНИКА беше доведена во положба каде што мораше да ја отвори играта за да се обиде резултатски да се доближи до денес расположениот Макпетрол, но екипата на Макпетрол на голот го имаше одличниот Синиша Танушевски кој денеска беше ѕид пред својот гол и не дозволи неговата мрежа да се затресе ниту еднаш. Макпетрол на крајот од овој натпревар славеше со 6-0.

Пивара Скопје со сигурна игра до победа над Спорт Лајф

Пивара Скопје 9-4(5-1) Спорт Лајф

Пивара Скопје: Цветан Николовски 30’ Марти Живиќ 27’ Филип Вандовски 16’ 17’ Бобан Ристов 35’ 37’ Влатко Трпковски 7’ 10’ 13’

Спорт Лајф: Ерсан Ајвазовски 28’ 39’ Ален Мехмед 1’ 38’

Одличен почеток на екипата на Спорт Лајф во дуелот со Пивара Скопје, тие од самиот старт на полувремето поставија одлична игра што им донесе многу шанси во раната фаза од полувремето. Ален Мехмед уште во првата минута од полувремето со одличен погодок го отвори резултатот и на Спорт Лајф му донесе рано водство од 0-1. По ова рано водство на Спорт Лајф екипата на Пивара Скопје ги консолидира своите редови го подигна темпото на игра и во седмата минута преку Трпковски успеа да израмни а истиот тој во 10та минута погоди за целосен пресврт од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Пивара Скопје ја контролираше играта што се одрази и на резултатот и предноста од 5-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје продолжи со пресинг игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Спорт Лајф иако имаше неколку одлични шанси недостасуваше завршницата. До крајот на натпреварот екипата на Пивара Скопје ја имаше контролата врз натпреварот и иако во финишот екипата на Спорт Лајф почна да ја топи разликата тоа не беше доволно за да се анулира високата предност на Пивара Скопје која славеше во овој дуел со 9-4.

Во натпревар полн со пресврти Џонсон Мети славеше над Интертек

Интертек 7-8(2-4) Џонсон Мети

Интертек: Стефан Ѓалевски 17’ 25’ Андреј Манев 10’ 39’ Мартин Лазаревски 22’ 25’ 29’

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 17’ Младен Спасовски 11’ Стефан Јовановски 30’ 40’ Никола Чаушевски 9’ 37’ Роберт Бојаџиев 15’ 33’

Интертек и Џонсон Мети одиграа крајно тврд и израмнет натпревар, екипата на Џонсон Мети во првото полувреме иако настапи со скратен состав успеа да наметне свој ритам на игра во кој преку добро организиран напад успеа да дојде до играч плус кој го користеше да упати отворен шут кон противничкиот гол. Екипата на Интертек во текот на целото полувреме не дозволи Џонсон Мети резултатски да се одлепи следејќи го во чекор противникот. Џонсон Мети имаше подобра реализација па на полувремето замина со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Интертек успеа целосно да ги консолидира своите редови и со 3 последователни гола да дојде до целосен резултатски пресврт. Но Џонсон Мети потпираќи се на своето искуство не дозволи противникот резултатски да се одвои и со гол успеа да го израмни резултатот по што натпреварот влезе во крајно драматична и неизвесна завршница. Во ваквата завршница екипата на Џонсон Мети имаше подобра реализација па славеше со 7-8.

22 декември 2022 - 09:53