ЕВН немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Уника

Аптив и УНИКА славеа две тесни победи во вториот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија. DHL и Фабрика Карпош - ГИМ одиграа без победник.

ЕВН немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Уника

ЕВН 5-6(1-6) Уника

ЕВН: Томи Илиевски 39’ Дарко Стоилевски 33’ 34’ Вилијам Митев 32’ Наум Бадаловски 6’

Уника: Арбен Нухиу 3’ 31’ Алтин Цури 13’ Аднан Лимани 14’ 30’ Беким Љута 14’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕВН и Уника, од самиот старт на полувремето двете екипи почнаа со отворен и офанзивен фудбал. Ваквата отворена игра донесе погодоци во раната фаза на натпреварот екипата на Уника преку Нухиу го отвори резултатот уште во 3та минута. По ова следуваше одговор на екипата на ЕВН која преку Бадаловски успеа да дојде до израмнување од 1-1 во 6та минута. Екипата на Уника во остатокот од полувремето го подигна темпото на игра и успеа да ги искористи грешките во одбраната на ЕВН за доаѓање до повторно водство, а потоа да дојде и до солидна предност од 1-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Уника продолжи со одличната игра и успеа да го зголеми водството на 1-6. Екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше предонста на Уника за до 38та минута од натпреварот да дојде до само еден гол негатива од 5-6 и да го направи финишот на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Уника успеа да го издржи притисокот на ЕВН и да слави во овој натпревар со 5-6.

DHL и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа реми

DHL 3-3(1-2) Фабрика Карпош – ГИМ

DHL: Иван Алексовски 10’ Александар Трајков 27’ Мартин Каревски 38’

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 9’ 18’ Игор Николовски 40’

Екипите на DHL и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа крајно израмнет и неизвесен натпревар. Во првото полувреме прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 9та минута преку погодокот на Илиевски. Но екипата на DHL преку Алексовски успеа да израмни на 1-1. Се играше доста цврста одбрана на ивица на фаул и на двете страни. И двете екипи не дозволуваа да се дојде до отворен шут на гол и лесна реализација. Во самиот финиш на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да поведе со 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам екипата на Фабрика Карпош остана со играч повеќе но тоа не само што не успеа да го претвори во гол туку и DHL со играч помалце постигна гол за израмнување на 2-2. По само неколку минути екипата на DHL повторно постигна гол за предност од 3-2. Во самиот финиш Фабрика Карпош – ГИМ преку Николовски успеа да реализира за израмнување на 3-3 резултат со кој заврши овој дуел.

Аптив со голман играч дојде до победа над Интертек

Интертек 5-6(3-3) Аптив

Интертек: Стефан Ѓалевски 8’ 16’ 29’ Никола Тимов 11’ Мартин Лазаревски 32’

Аптив: Александар Марковски 20’ Дамјан Хрдаличка 14’ 25’ Никола Ќамилов 4’  Владимир Јовановски 22’ 37’

Крано израмнето прво полувреме одиграа екипите на Интертек и Аптив, и двете екипи играа отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра успеваа наизменично да се менуваат во водството, ниту една од екипите не дозволи противникот резултатски да се одвои, па од тука и израмнетиот резултат на полувремето од 3-3. Во второт полувреме се играше во ист ритам и на двете страни екипата на Аптив успеа да дојде до два гола предност 3-5, но екипата на Интертек успеа да искористи грешките во одбраната на Аптив па успеа да дојде до израмнување на 5-5. Екипата на Аптив при резултат од 5-5 во своите редови внесе голман игра како би можеле офанзивно да се појачаат во делот на нападот истата нивна одлика вроди со плод па на 4 минути од крајот на мечот успеаа да поведат со 5-6. Екипата на Интертек немаше сили за повторно израмнување па го загуби овој натпревар со 5-6.

23 ноември 2022 - 13:25