Лукоил подобар од Окта во нафташкото дерби

Аптив и Лукоил славеа победи во последниот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Bestway Solutions и Халк Банка одиграа без победник.

Аптив со цврста игра до победа над Пивара Скопје

Аптив 3-1(1-0) Пивара Скопје

Аптив: Дамјан Хрдличка 28’ Маријан Тодоровски 31’ Давид Младеновски 7’

Пивара Скопје: Влатко Трпковски 36’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на Аптив и Пивара Скопје, двете екипи влегоа во овој натпревар со цврста игра и фокус на одбраната. Екипата на Аптив во 7та минута од натпреварот успеа да искористи грешка во одбраната на Пивара Скопје и преку Младеновски да реализира за превземање на водството. По ова водство на екипата на Аптив екипата на Пивара Скопје притисна во предно поле со цел да дојде до израмнување на резултатот но Аптив одлично ја постави играта во одбраната па нивната мрежа мируваше до полувремето на кое замина со предност од 1-0. Во второто полувреме се играше нешто поотворен фудбал каде екипата на Аптив покажа подобра игра на теренот што се одрази на резултатот на до средината на второто полувреме успеа да дојде до предност од 3-0. Екипата на Пивара Скопје со промена на тактиката и користејќи го својот голман како голман играч се обидуваше да ја анулира предноста на Аптив но успеа само да го ублажи поразаот на 3-1

Bestway Solutions и Халк Банка ги поделија бодовите

Bestway Solutions 2-2(0-0) Халк Банка

Bestway Solutions: Петар Стефановски 26’ 32’

Халк Банка: Влатко Блажевски 30’ Дејан Петковски 24’

Екипите на Bestway Solutions и Халк Банка одиграа интересно прво полувреме, двете екипи играа доста затворен фудбал. На двете страни се играше доста цврста одбрана со која и двете екипи успеваа да ги затворат сите отворени шутеви кон гол. Ниту една од екипите не успеа да створи играч плус во нападот како би можеле да се надеваат на лесна реализација. Во ваквата цврста игра со затворен фудбал мрежите мируваа и на полувремето се отиде без гол 0-0. Во второто полувреме и двете екипи заиграа нешто по отворен фудбал што одма резултираше со гол уште на самиот старт од полувремето во 24та минута преку Петковски за водство на Халк Банка од 0-1. Но Bestway го имаше денес расположениот Стефановски кој по нецела минута израмни на 1-1. Во втората половина од полувремето Блажевски постигна гол за Халк Банка за предност од 1-2, но Стефановски кај Bestway беше на ниво на задачата и одма израмни на 2-2. До крајот на натпреварот двете екипи имаа одлични шанси но немаа реализација па ги поделија бодовите со резултат од 2-2.

Лукоил подобар од Окта во нафташкото дерби

Лукоил 8-4(3-1) Окта

Лукоил: Александар Георгиевски 22’  Иван Стојчев 17’ Гоце Мојсовски 38’ Лоренцо Николовски 27’ Петар Лефков 2’ 18’ 35’ 36’

Окта: Тино Трајковски 9’ 27’ Живко Котевски 36’ Александар Јовчевски 22’ 

Навташкото дерби ова коло го одиграа екипите на Лукоил и Окта. Во првото полувреме двете екипи влегоа доста мотивирано, на двете страни се играше практично со голмани играч. Во ваквата игра нападот беше главна стратегија на двете екипи, екипата на Окта во овој натпревар влезе со ослабен состав Лукоил со чести измени и висок ритам на игра успеа да го искористи ова и на полувремето замина со предност од 3-1. Во второто полувреме двете екипи играа доста отворен фудбал, се играа напади со доста проигрувања и добро осмислени акции кои им дозволуваа на екипите да дојдат до отворена шанса за гол. И на двете страни оваа стратегија вроди со плод и кај двете екипи следеа голови во низа, но Лукоил успеа да ја сочува предноста од полувремето и во мирна завршница да дојде до победа во овој натпревар со 8-4.

16 декември 2022 - 10:55