Фабрика Карпош – ГИМ под водство на Казаковски до победа над ЕВН
Фабрика Карпош – ГИМ 4-0(1-0) ЕВН
Фабриак Карпош – ГИМ: Георги Божиков 1’ 26’ Филип Илиевски 21’ 34’
Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ЕВН тие уште на самиот старт во првата минута искористија грешка во одбраната на ЕВН за водство од 1-0. По ова рано водство на Фабрика Карпош – ГИМ екипата на ЕВН притисна кон противничкиот гол, но екипата на Карпош одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи на противникот да дојде израмнување. До крајот на полувремето двете екипи беа рамноправни на теренот и иако имаше одлични шанси на двете страни мрежите мируваа, па на паузата се замина со погодокот од првата минута 1-0 во корист на Фабрика Карпош – ГИМ. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра не дозволувајќи му на ЕВН да влезе во вистински ритам. Од минута во минута натпреварот завземаше позитивен тек за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ, тренерот Марјан Казаковски со чести измени го одржуваше високиот ритам на игра што ја водеше Фабрика Карпош – ГИМ до сигурна победа. Екипата на ЕВН немаше своја вечер па го загуби овој натпревар со 4-0.
Времето сојузник на Аптив во дуелот со Џонсон Мети
Аптив 4-3(1-1) Џонсон Мети
Аптив: Александар Марковски 5’ 21’ 26’ Иле Трајковски 33’
Џонсон Мети: Никола Николовски 39’ Стефан Јовановски 1’ Роберт Бојаџиев 22’
Исклучително цврсто полувреме одиграа екипте на Аптив и Џонсон Мети и на двете страни се играше доста цврсто пред се во делот на одбраната. И двете екипи играа пресинг по целиот терен не давајќи отворени шутеви кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети преку Стефановски, само неколку минути подоцна Марковски од екипата на Аптив успеа да израмни на 1-1. Во ваквата цврста игра првото полувреме заврши со израмнет резултат. Во второто полувреме екипата на Аптив го имаше во своите редови расположениот Марковски кој со одлична реализација и два гола во низа успеа да и донесе предност на својата екипа. Екипата на Џонсон Мети се обидуваше да ја анулира оваа предност и да фати резултатски приклучок во што и делумно успеа и дојде на само еден гол негатива. Екипата на Аптив со повеќе нерви во самиот финиш успеа овој натпревар да го добие со резултат од 4-3.
Лукоил потпирајќи се на искуството до победа над DHL
Лукоил 12-4(5-2) DHL
Лукоил: Горан Стојанов 10’ 18’ 24’ Иван Стојчев 9’ 34’ Анѓелчо Арсов 31’ Лоренцо Николовски 35’ 36’ Петар Лефков 1’ 20’ 24’ 27’
DHL: Александар трајков 12’ Мартин Каревски 17’ 40’ Дејан Милевски 30’
Последниот дуел на програмата вечерва беше дуелот помешу минатогодишниот шампион Лукоил и дебитантите во Бизнис Лигата екипата на DHL. Уште од самиот старт екипата на Лукоил играше искусно доста рутинирано со долги напади, со вквата игра успеваше да ги најде пукнатините во одбраната на DHL па преку отворени шутеви кон голот успеаа дастекнат резултатска предност. На полувремето екипата на Лукоил замина со предност од. Во второто полувреме екипата на DHL имаше неколку добро организирани акции преку кои успеа да го изненади и Лукоил, но сепак вечерашниот дуел го пресуди искуството кое беше на страната на Лукоил кој го доби овој натпревар со 12-4.