ЈСП со пресврт до бодовите во дуелот со Интертек
ЈСП 5-3(1-2) Интертек
ЈСП: Дејан Блажевски 23’ Гоце Крстевски 22’ Сашо Георгиев 3’ Филип Колеќевски 37’ Филип Димовски 39’
Интертек: Стефан Ѓалевски 21’ Мартин Лазаревски 5’ Дарко Костадиновски 20’
Единаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈСП и Интертек. Екипата на ЈСП го отвори резултатот во раната фаза на полувремето кога Георгиев го изненади противничкиот голман за водство од 1-0. По ова рано водство на ЈСП следуваше одговор од Интртек кои преку Лазаревски го израмнија резултатот на 1-1 во 5та минута од полувремето. По овие почетни погодоци екипите ја смирија играта играа со многу потавања и ја чекаа својата шанса преку грешка на противникот. До крајот на полувремето иако екипата на ЈСП ја имаше контролата врз играта и постојано се закануваше кон противничкиот гол екипата на Интертек успеа да искористи грешка во одбраната на ЈСП за зголемување на водството 1-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Интертек со брз погодок успеа да го зголеми водството на 1-3, по оваа негатива екипата на ЈСП се разбуди и ги консолидира своите редови. ЈСП со погодоци на Блажевски и Крстевски успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3, а со погодокот на Колеќевски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт. Во финишот од натпреварот екипата на Интертек се обидуваше да да возврати на оваа одлична серија на ЈСП но тие го затворија пристапот до својот гол и со сигурна игра дојдоа до победа во овој дуел со 5-3.
DHL го издржа притисокот на ЈП Дрисла за победа
DHL 7-5(5-3) ЈП Дрисла
DHL: Далибор Дамјановиќ 38’ Драган Златановски 3’ 4’ Филип Јовановски 9’ Мартин Каревски 3’ 7 Марјан Стефановски 40’
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 39’ Расим Исмани 2’ 31’ Ридван Демири 16’ Горан Трајковски 18’
Екипата на DHL и извонредно го започна натпреварот против екипата на ЈП Дрисла играјчи доста офанзивно со добро изработени напади, во вака поставена игра екипата на DHL имаше одлична реализација што во средината на полувремето резултираше со со 5-1 во нивна корист. При овој резултат екипата на ЈП Дрсила имаше пенал кој не успеа да го реализира, во самиот финиш од полувремето ЈП Дрисла преку контра напади успеа ја намали разликата на 5-3. Со оваа предност екипата на DHL замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Дрисла продолжи со офанзивна игра со што успеа да дојде до само еден гол негатива 5-4. До крајот на натпреварот екипата на DHL успеа да ја сочува предноста и во финишот да реализира за победа од 7-5.
Марковски со хет-трик го водеше Аптив до победа над А1
Аптив 4-2(1-1) А1
Аптив: Александар Марковски 8’ 23’ 40’ Никола Ќамилов 30’
А1: Трајче Трајковски 19’ Александар Михаловски 23’
Цврст почеток на дуелот помеѓу екипите на Аптив и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа со високо темпо на игра и силна желба за победа. Екипата на А1 вршеше притисок кон противничкиот гол но Аптив одлично ја постави својата одбрана и својата шанса за погодок ја бараше преку контра напди. По грешка на одбраната на А1 екипата на Аптив во 8та минута преку Марковски успеа да дојде до водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на А1 вршеше константен притисок кон голот на Аптив што им донесе резултат во 19та минута со погодокот на Траков за израмнување на 1-1 резултат со кој се змина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра, екипата на Аптив на самиот старт реализираше за повторно водство во овој дуел но екипата на А1 даде брз одговор па во истата минута израмни на 2-2. Кон средината на второто полувреме екипата на Аптив со одличен погодок на Ќамилов повторно дојде до предност што ја примора екипата на А1 повторно да брка резултат. До крајот на натпреварот екипата на А1 вршеше константен притисок кон голот на Аптив но екипата на Аптив го издржа притисокот и славеше во овој дуел со 4-2.