УНИКА предводена од Нухиу со 4 гола дојде до победа над DHL
УНИКА 9-3(5-1) DHL
УНИКА: Васко Кокаланов 19’ Арбен Нухиу 9’ 13’ 28’ 34’ Беким Љута 11’ 32’ Шабан Чупи 7’ 32’
DHL: Иван Алексовски 30’ Филип Јаневски 16’ Мартин Каровски 26’
Екипата на УНИКА во натпреварот со DHL иако настапи во скратен состав практично без измена влезе доста мотивирано со максимално сериозен пристап. Уште на самиот старт успеа да ја наметне својата препознатлива игра која впрочем ја практикува низ долгите години учество во лигата. Во текот на целото прво полувреме ја имаше иницијативата не дозволуваше на DHL да наметне свој против игра. Екипата на DHL направи неколку грешки во одбраната кои произлегоа од лоши додавања а тоа ги чинеше да замина на полувремето со негатива од 4 гола 5-1 во корист на УНИКА. Во второто полувреме екипата на DHL успеа смени дел од тактиката и со нешто подобра реализација да ја намали негативата од првото полувреме. Во тој момент дојде до израз искуството на УНИКА која предводена од Нухиу го доби овој натпревар со сигурни 9-3.
Дуото Лазаревски - Ѓалевски му донесоа победа на Интертек во дуелот со Спорт Лајф
Спорт Лајф 2-8(1-4) Интертек
Спорт Лајф: Ерсан Ајвазовски 24’ Трендафил Атанасовски 11’
Интертек: Мартин Лазаревски 4’ 9’ 28’ 31’ 32’ Стефан Ѓалевски 3’ 5’ 30’
Одлично прво полувреме прикажа екипата на Интертек во дуелот со Спорт Лајф. Ти е уште на самиот старт од полувремето успеаа да го отворат резултатот преку Ѓалевски во 3та минута, а до 9та минута од полувремето успеаа да направат солидна предност од 0-4. Екипата на Спорт Лајф по ова рано водство на Интертек ја зацрвсти играта во одбраната и преку контра напади се обидуваше да ја намали разликата. Во 11та минута Атанасовски по одлична асистенција на Ваљак стрелаше за 1-4. До крајот на полувремето се играше цврст фудбал на двете страни, кај што двете екипи својата шанса ја бараа преку контра напади и удари од далечина, но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа и на паузата се замина со резултат од 1-4. На стартот на второто полувреме екипата на Спорт Лајф успеа да намали на 2-4 и да дојде на само два гола негатива. Екипата на Интертек по ова намалување на резултатот притисна во предно поле и со офанзивна игра преку денес одличните Мартин Лазаревски и Стефан Ѓалевски успеа повторно резултатски да се одвои. До крајот на натпреварот екипата на Спорт Лајф се обидуваше да најде против игра за денес расположените Интертек но не успеаа во тоа па го загубија овој натпревар со 2-8.
Дуото Божиков – Николовски ја водеше Фабрика Карпош – ГИМ до победа над ЈП Дрисла
Фабрика Карпош – ГИМ 6-4(2-2) ЈП Дрисла
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 3’ 10’ Славчо Мирчевски 40’ Игор Николовски 24 ‘26’ 39’
ЈП Дрисла: Бесник Шакири 30’ 40’ Расим Исмани 13’ Ридван Демири 5’
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и ЈП Дрисла, прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку погодокот на Божиков кој во 3та минута го отвори натпреварот, по неполни две минути екипата на ЈП Дрисла успеа да израмни со погодокот на Демири но расположениот Божиков со погодок во 10та минута и донесе водство на екипата на Фабрика Карпош од 2-1. По ова следеше израмнување на резултатот со погодокот на Исмани во 13та минута. Во продолжениот од полувремето и двете екипи ставија фокус на играта во одбраната и тешко се доаѓаше до отворена позиција за гол па од тука на полувремето се замина сор езултат од 2-2. Во второто полувреме кај Фабрика Карпош – ГИМ проработе исклучително расположениот Игор Николовски кој беше енигма во втрото полувреме за екипата на ЈП Дрисла која во второто полувреме немаше решение во одбраната за него. ЈП Дрисла во неколку обиди се обиде да се врати во натпреварот но тоа не беше доволно за да фатат резултатски приклучок со вечерва расположената екипа на Фабрика Карпош –ГИМ која славеше со 6-4.