Во драматична завршница Шпаркасе Банка подобри од ТЕМАТО

Во 19. коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Рамстор, Шпаркасе и Банка Гранит.

Рамстор од 1 во 2 за победа над ЈСП

ЈСП 3-4(2-1) Рамстор

ЈСП: Дејан Блажевски 16’ 33’ Гоце Крстевски 11’

Рамстор: Емран Селим 24’ 25’ Ибрахим Бекир 19’ 31’

Екипата на ЈСП одлично го отвори натпреварот со Рамстор, успеа да постигне гол во раната фаза од натпреварот со што имаше простор да игра отворен фудбал со кој успеваше да дојде до изгледни шанси за гол. Екипата на Рамстор во текот на целото прво полувреме како да бараше против игра за расположениот ЈСП но не можеше да го фати вистинскиот ритам па ЈСП на полувремето замина со гол предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор најде против игра целосно ги консолидира своите редови и во висок ритам успеа да дојде до израмнување.  Во самиот финиш екипата на Рамстор успеа да направи целосен пресврт и извојува победа во овој натпревар со 3-4.

Во драматична завршница Шпаркасе Банка подобри од ТЕМАТО

Шпаркасе Банка 5-3(1-3) ТЕМАТО

Шпаркасе Банка: Игор Калановски 30’ 40’ Христијан Тодоровски 1’ Филип Чижбановски 33’ Димитар Робевски 33’

ТЕМАТО: Ибрахим Мемети 7’ 8’ Шенол Идризи 2’

Екипата на Шпаркасе Банка имаше одличен почеток во дуелот со ТЕМАТО тие уште во првата минута од натпреварот го отворија резултатот со погодокот на Тодоровски и поведоа со 1-0. По ова рано водство на Шпаркасе Банка екипата на ТЕМАТО го подигна темпото на игра и успеа да дојде до израмнување, а во 7та минута и да дојде до целосен резултатски пресврт од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Шпаркасе со офанзивна игра и со голман играч се обидуваше да ја нулира предноста на ТЕМАТО но до полувремето не успеа во намерата па на паузата се замина со 1-3. Во второт полувреме екипата на Шпаркасе Банка влезе во ритам и од минута во минута почна да ја топи разликата која ја имаше ТЕАМТО па до 33та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ТЕМАТО не успеа да се одбрани па Шпаркасе Банка го доби овој натпревар со 5-3.

С.Ц. Борис Трајковски немаше сили за пресврт со Гранит

С.Ц. Борис Трајковски 4-5(1-3) Гранит

С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 31’ Влахо Костов 4’ 38’ 40’

Гранит: Николче Глигуровски 24’ Дарко Петров 3’ 4’ 18’ Ненад Антовски 36’

Интересно прво полувреме ни приредија екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа со голман играч и фокус ставен на нападот. Екипата на Гранит го отвори резултатот во 3та минута од полувремето и поведе со 0-1, екипата на С.Ц.Б.Т. веќе во следниот напад успеа да дојде до израмнување. По овие воведни голови екипата на Гранит имаше поголема контрола врз топката и успеа да искористи две одлични шанси за предност од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски притисна кон голот на Гранит и успеа резултатски да се доближи, но екипата на Гранит ја искористи оваа отворена игра на противникот за преку контра напади и удари од далечина да дојде солидно водство од 2-5. Во самата завршница од натпреварот екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да дојде до само гол негатива но немаше сили за целосен пресврт па го загуби овој натпревар со 4-5.

20 април 2022 - 14:18