Халк Банка со срце на терен до победа над Матрикс

Во второто коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија најубедлив триумф славеше Ван Хоол, а победи славеа и Пивара Скопје и Халк Банка.

Дуото Алексов - Трпковски и донесоа 3 бода на Пивара Скопје во дуелот со Bestway Solutions

Пивара Скопје 4-2(2-1) Bestway Solutions

Пивара Скопје: Влатко Трпковски 17’ 33’ Александар Алексов 11’ 32’

Bestway Solutions: Никола Игњатовски 8’ Филип Зоксимовски 35’

Натпреварот помеѓу Пивара Скопје и Bestway Solutions започна со помирно темпо на игра во кое екипите по зимската пауза полека ги одмеруваа силите. Како одминуваа минутите темпото на игра се подигнуваше, екипата на Bestway Solutions прва го отвори резултатот по грешка на одбраната на Пивара во 8та минута. По оваа негатива екипата на Пивара Скопје се префрли на страната на противничката екипа и со константен притисок кон голот на Bestway успеа да дојде до израмнување во 11та минута. До крајот на полувремето иако двете екипи имаа одлични шанси екипата на Пивара Скопје имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност со 2-1. Во второто полувреме екипите започнаа со нешто поагресивна игра и акцент ставен на нападот, кај двете екипи бројот на шанси од минута во минута се зголемуваа но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во финишот на полувремето екипата на Пивара Скопје со два погодоци на Алексов и Трпковски успеа да дојде до предност од 4-1, екипата на Bestway Solutions успеа да ја намали разликата на 4-2 , но времето беше сојузник на екипата на Пивара која славеше во овој дуел. Крај 4-2

Халк Банка со срце на терен до победа над Матрикс 

Халк Банка 2-1(1-1) Матрикс

 Халк Банка: Мартин Дамески 40’ Самир Вели 16’

Матрикс: Никола Ристовски 4’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Халк Банка и Матрикс, двете екипи во овој дуел прикажаа борба на секоја педа од теренот. Екипата на Матрикс во 4та минута од полувремето го отвори резултатот со погодокот на Никола Ристовски, по што екипата на Халк Банка почна со константен притисок кон противничкиот гол. Ваквата игра на Халк Банка им донесе резултат и израмнување на резултатот на 1-1 во 16та минута со одличниот погодок на Самир Вели. До крајот на полувремето двете екипи се обидуваа да ја изненадат противничката одбрана но не успеаа во тоа па на паузата се замина со израмнет резултат. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра двете екипи го оставија срцето на терен, екипата на Халк Банка почесто се закануваше кон голот на противникот, а екипата на Матрикс својата шанса за реализација ја бараше преку брзи контра напади. Во Последната минута од натпреварот екипата на Халк Банка успеа да искористи грешка во одбраната на Матрикс и со одличен погодок на Дамески во 40та минута да дојде до бодовите во овој дуелсо резултат од 2-1.

Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над DHL

DHL 2-8(2-3) Ван Хоол

DHL: Филип Јовановски 17’ Мартин Каревски 9’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 30’ 35’ Ненад Саздовски 5’ Стефан Стојковиќ 13’ Филип Никодиновски 40’ Петре Даиловски 20’ 23’  Андреј Богдановиќ 27’

Одличен почеток за екипата на Ван Хоол во дуелот со DHL, тие од самиот старт на натпреварот притисна кон противничкиот гол што им донесе рано водство во 5та минута од 0-1. По ова водство на Ван Хоол екипата на DHL го подигна темпото на игра и со чести ротации во својот состав го одржуваше ова темпо и константно се закануваше кон голот на противникот што им донесе израмнување во 9та минута од полувремето. До крајот на полувремето двете екипи продолжија со одлична игра но Ван Хоол имаше подобра реализација па на полувремето замина со предност до 2-3. Во второто полувреме имаше пад на концентрацијата на DHL што Ван Хоол го искористи за да стекне предност од 2-4. Екипата на DHL беше приморана да ја отвори играта што Ван Хоол го искористи за од минута во минута да го золемува своето водство кое до 30та минута изнесуваше високи 2-6. До крајот на натпреварот екипата на DHL се обидуваше со својот голман како голман играч резултатски да се врати, но разликата која ја имаше Ван Хоол и времето како сојузник им донесе сигурна победа од 2-8.

10 февруари 2023 - 13:31