Екипте на Џонсон Мети и Шпаркасе Банка одиграа реми
Џонсон Мети 3-3(3-0) Шпаркасе Банка
Џонсон Мети:Љупчо Стојановски 14’ Никола Николовски 19’ Роберт Бојаџиев 9’
Шпаркасе Банка: Александар Бранов 38’ Хистијан Тодоровски 32’ Стефан Стојановски 33’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Шпаркасе Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и фокус ставен на одбраната. Екипата на Џонсон Мети во 9та минута од полувремето искористи грешка во одбраната на Шпаркасе Банка и поведе со 1-0. По ова екипата на Шпаркасе Банка со Јосифовски како голман играч ја отвори играта, но Џонсон Мети го искористи ова за преку брз контра напад и погодок на Стојановски да го зголеми водството на 2-0. Во остатокот од полувремето екипата на Џонсон Мети продолжи со одлична игра па во финишот реализираше за 3-0 предност со која замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра се играше на раб на фаул, екипата на Шпаркасе Банка ги консолидира своите редови и искористи ислучување на играч кај Џонсон Мети за намалување на водството на 3-1. Веќе во следниот напад екипата на Шпаркасе Банка успеа повторно да реализира и да дојде до само еден гол негатива што го направи финишот на овој дуел вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Шпаркасе Банка успеа да дојде до израмнување од 3-3 но немаше сили за целосен пресврт па екипите ги поделија бодовите.
Во инфаркт завршница Аџибадем Систина славеше над Сава Осигурување
Аџибадем Систина 6-5(1-4) Сава Осигурување
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 26’ Кристијан Дамевски 40’ Даниел Боневски 38’ Диме Стевковски 31’ Дамјан Јовчевски 19’ Златко Бошковски 35’
Сава Осигурување: Решат Рахмани 9’ 15’ 16’ 37’ Александар Ѓошевски 17’
Инзворедно прво полувреме одигра екипата на Сава Осигурување во дуелот со Аџибадем Систина, Сава Осигурвање во првото полувреме наметна висок ритам на игра и со расположениот Рахмани во предно поле успеа да стекне предност од дури 0-4. Екипата на Аџибададем Систина преку Јовчевски успеа да го намали водството на 1-4. Во второто полувреме тренерот Аламеровиќ внесе во тимот голман играч како би можел да створи вишок во нападот, со ваквата поставеност Аџибадем Систина успеа да фати резултатски приклучок. Екипата Сава Осигурвање во самиот финиш успеа да дојде до гол предност, но екипата на Аџибадем Систина смогна сили и дојде до израмнување на 5-5. Буквално во последните секунди со звукот на сирената и мала среќа екипата на Аџибадем Систина успеа да реализира и да слави во овој дуел со 6-5.