Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Гранит, Аптив и Лукоил се екипи кои со победа го отворија првото коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија.

Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Макпетрол 1-5(0-2) Лукоил

Макпетрол: Никола Секуловски 35’

Лукоил: Горан Стојанов 10’ Иван Стојчев 4’ Петар Лефков 22’ 34’ 38’

Нафташкото дерби помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил започна со мошне мотивирано и на двете страни и двете екипи беа мотивирани и во овој натпревар влегоа целосно фокусирани да го дадат својот максимум. Во првото полувреме екипата на Лукоил преку агресивна игра во одбраната овозможи брзи контра напади преку кои успеа да дојде до водство. До 0-1 дојде во раната фаза од полувремето 4та минута со погодокот на Иван Стојчевски на кој му се придружи и Горан Стојанов во 10та минута за предност од 0-2. Екипата на Макпетрол не успеа да реализира пенал и неколку 100% шанси за гол, па Лукоил на полувремето замина со предност од 0-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на Макпетрол имаше пех во дуел игра се повредија двајца клучни играчи и истите не можеа да го продолжат натпреварот. Во вака скратен состав екипата на Лукоил го засили темпото и ја искористи кратката клупа на Макпетрол за зголемување на водството преку три погодоци на Петар Лефков и со тоа дојде до предност од 0-4. Екипата на Макпетрол со краткиот ростер успеа да постигне само еден гол за да на крајот Лукоил слави со 1-5.

Аптив со одлична завршница до победа над Сава Осигурвање

Сава Осигурување 3-5(2-3) Аптив

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 1‘ 29’ Решат Рахмани 19’  

Аптив: Александар Марковски 37’ Дамјан Хрдличка 13’ Марјан Тодоровски 2’ Владимир Јовановски 14’ 39’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Сава Осигурување и Аптив двете екипи влегоа во овој натпревар со брза и динамична игра. Екипата на Сава Осигурување го отвори резултатот во овој натпревар во првата минута со погодокот на голманот играч Коста Глигуровски, екипата на Аптив даде брз одговор на ова со погодокот на Марјан Тодоровски и израмни да на 1-1. По овие воведни погодоци екипите на ја смирија играта и својата шанса водство ја чекаа на грешка на противникот. Во втората половина од натпреварот екипата на Аптив го подигна пемпото на игра што им донесе резултат и предност од 1-3, во финишот од полувремето екипата на Сава Осигурување намали на само еден гол негатива 2-3 резултат со кој се замина на паузата.  Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодок од пенал на Коста Глигуровски и ја врати неизвесноста во овој натпревар. Екипата на Аптив беше таа која притискаше кон противничкиот гол, а екипата на Сава Осигурување одлично ја иумаше поставено својата одбрана и не дозволуваше изненадување. Во последните минути од натпреварот екипата на Аптив конечно ја скрши одличната одбрана на Сава Осигуврање и дојде до два погодоци со кој ја осигура победата во овој дуел. Крај 3-5

Во дербито на градежниците екипата на Гранит славеше над Фабрика Карпош – ГИМ

Гранит 7-3(3-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Гранит: Ненад Антовски 8’ 26’ 37’ Мартин Ристовски 30’ Мартин Ѓушковски 3’ 10’ 25’

Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 35’ Кристијан Панев 7’ 9’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Фабрика Карпош – ГИМ, екипата на Гранит го отвори овој натпревар во 3та минута од натпреварот со погодокот на Ѓушковски. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 7та минута го израмни резултатот но Гранит веднаш возврати и дојде до повторно водство. Екипите има имаа одлични шанси но екипата на Гранит успеа да ја одржи предноста од еден гол па на полувремето замина со предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ иако вршеше константен притисок кон голот на Гранит немаше завршница. Екипата на Гранит со брзи контра напади ги користеше грешките на противникот и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Во финишот од натпреварот екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во игра внесе голман играч но водството кое го стекна Гранит не беше достижно кои славеа на крајот од овој дуел со 7-3.

9 февруари 2023 - 14:08