После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.
Без многу потешкотии, опоравени од поразот во Мец, ракометарките на Вардар запишаа нов триумф во главната фаза на Лигата на шампионите и со 16 освоени бода го осигураа првото место во групата за полесен ривал во следната фаза.
Клиниките за пресадување коса со задоволство објавуваа дека еден Вејн Руни имал успешна трансплантација на коса и дека дошол моментот кога мажите веќе не мора да се срамат ако се решат на таков чин. И принцот Вилијам сакал да пресадува коса.
Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).
Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.
По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.
За преминот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед се зборуваше две недели, а еден од главните херои на овој голем трансфер е аргентинскиот агент Фернандо Фелисевич.
Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.
Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.