Тој ќе заработи не помалку од 10 милиони фунти (според The Telegraph), со сè бонуси 15 милиони фунти (според Daily Mail).
Фелисевич (најлево на фотографијата долу)
- Фернандо се разликува од многу агенти и менаџери по тоа што никогаш не играл фудбал и практично не следел фудбал. Фелисевич во детството играл рагби, а фудбалот влегува во неговиот живот кога наполнил 33 години.
- Во тој момент Фелисевич се стекнал со степен магистар за маркетинг и комуникации во Париз и работел во чилеанската филијала на една од најголемите компании за рекламирање McCann Erickson. Откако се вратил во Јужна Америка, Фернандо се сретнал со својот стар пријател и фудбалер Пабло Ленци кој го посоветувал да влезе во спортот.
- Ленци го запознал Фелисевич со Алексис Санчез кој тогаш имал 15 години и играл во чилеанскиот клуб Кобрелоа. Алексис брзо станал главна млада ѕвезда во земјата. Во клубот се однесувале многу внимателно со него и секој ден одделно му вареле леќа - не сакал ништо друго да руча.
- За да потпише договор за да го застапува младиот клиент, Фелисевич отишол во неговиот роден крај Токопило - крајбрежје на Тихиот Океан. Таткото на малиот Алексис го напуштил семејството уште пред малиот да се роди, мајка му го воспитувала него и уште три деца и брзо добила помош од Фелисевич. Тој долго време го помагал семејството со пари.
- Санчез растел во многу сиромашна средина и во дом изграден од глина, слама и метална конструкција (куќата настрадала при разорниот земјотрес во Чиле во 2007-ма). Во слободно време малиот Алексис миел коли во близина на селските гробишта, а маја му работела како чистачка и продавала риби.
- Кога немал доволно пари, нови копачки му купил градоначалникот на местото кој бил вљубен во клубот Арауко. „На крајот, тоа што играв бос ми значеше да изградам свој стил. Трчав и ги избегнував камењата и трњата“, раскажал еднаш Алексис Санчез.
- Еднаш мајка му ја казниле 1.000 долари зошто тргувала со риба без да има лиценца за тоа. Немала толку пари, Санчез немал некоја голема заработка и целата казна ја платил Фелисевич. Со тек на време Фернандо со Алексис не се однесувал само како негов агент, туку и како пријател на семејството.
- Во 2006-та Фелисевич му заврши голем трансфер на Чилеанскиот фудбалер во Удинезе и потоа земаше голем процент од секој нареден трансфер (во Барселона Алексис потпиша за 26 милиони евра, а во Арсенал за 42,5 милиони евра).
- Фернандо одамна важи за крал на јужно-американскиот фудбал - така го нарекол Forbes. Меѓу другите негови клиенти се Артуро Видал, Клаудио Браво, Чарлс Арангиз, Гари Медел и уште повеќе од 30 фудбалери. Отворил канцеларии во Аргентина и во Перу, а во блиска иднина планира да отвори филијала и во Бразил.
- Според Forbes, Фернандо Фелисевиќ заработил 18,5 милиони долари од проценти во 2017 година. Се наоѓа на 35. место на листата луѓе кои најмногу заработиле лани.