Гранит во неизвесна завршница до победа над ЈСП

ЕВН и Рамстор славеа убедливи победи во првиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, а до триумф стигна и Гранит.

ЕВН со константно добра игра до победа над Еуро Табак

Еуро Табак 4-11(1-5) ЕВН

Еуро Табак: Дејан Јанковски 6’ Влатко Богдановиќ 25’ 33’ Дејан Младеновски 29’

ЕВН: Вилијам Митев 3’ 30’ Наум Бадаловски 4’ Томи Илиевски 12’ 27’ Бојан Симоноски 16’ 32’ 35’ 39’ Ајет Новобрдарија 16’ Ѓорѓи Поповски 38’

Осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Еуро Табак и ЕВН.

Во првото полувреме екипата на ЕВН уште на самиот старт ја имаше контролата на играта, во 3та минута успеаа да го отворат резултатот и до крајот на полувремето константно да го зголемуваат водството. Екипата на Еуро Табак со неколку промени во тимот и со промена на тактиката на голман играч се обидуваше да го намали водството, но екипата на ЕВН одлично ја имаше поставено играта во одбраната и со тоа го доби полувремето со резултат од 1-5. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак тргна со сите сили кон противничкиот гол за намалување на водството во што и делумно успеа кон средината на полувремето кога успеа да ја намали високата негатива. Во ваквата офанзивна игра екипата на Еуро Табак заборави на одбраната што ЕВН вешто го искористи и на крајот го доби овој натпревар со убедливи 4-11.

Рамстор убедливи во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 3-12(3-5) Рамстор

Раде Кончар: Мартин Јовевски 7’ Стефан Ицковски 8’ Ивица Доневски 12’

Рамстор: Ведат Арслан 1’ 4’ 19’ Алтај Иметовски 5’ Михрем Мемед 14’ Фуркан Муртезан 23’ 32’ Ибрахим Бекир 21’ Емир Сулоски 39’ Јахија Кадир 31’ 34’ 37’

Интересно прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Раде Кончар и Рамстор. Видовме рано водство уште во првата минута кај екипата на Рамстор, веќе во 5та минута имаа солидни 0-3. По ова рано водство екипата на Раде Кончар не се предаваше и кон средината на полувремето успеа да го израмни резултатот на 3-3. Како се ближеше крајот на полувремето екипата на Рамстор го подигаше темпото на игра и успеа да направи предност од 2 гола. На полувремето се замина со резултат од 3-5. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар се обидуваше да го намали водството, но сепак екипата на Рамстор одлично ја имаше поставено одбраната не дозволи никакво изненадување. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор со сигурна игра од минута во минута го зголемуваше водството за да го добие натпреварот со убедливи 3-12.

Гранит во неизвесна завршница до победа над ЈСП

ЈСП 4-6(1-3) Гранит

ЈСП: Сашо Георгиев 14’ Марјан Србиновски 22’ Љупчо Павловиќ 31’ 32’

Гранит: Пепи Мицев 1’ 39’ Стефан Тевдовски 6’ 20’ 30’ Дарко Петров 40’

Првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Гранит, тие уште во 16та секунда од натпреварот преку Мицев успеаа да постигнат погодок што најави ефикасно прво полувреме, неколку минути подоцна во 6та минута семафорот покажуваше 0-2 за Гранит. По ова водство екипата на ЈСП успеа да ги консолидира своите редови што резултираше со погодок во 14та минута за намалување на водството на Гранит. Во последната минута од полувремето екипата на Гранит успеа да искористи кикс во одбраната на ЈСП и да постигне погодок за водство на полувреме од 1-3. На стартот на вториот дел екипата на ЈСП преку својот голман-играч Србиновски успеа да реализира и да се доближи на еден гол разлика 2-3.По овој погодок екипата на ЈСП доби дополнителен мотив и со сите сили тргна кон израмнување, кое дојде во 32та минута со резултат од 4-4. Последните минути од натпреварот одминаа во голема неизвесност сепак во последните минути од натпреварот екипата на Гранит успеа да реализира во два наврати за победа со резултат од 4-6.

3 април 2018 - 14:30