Во првиот натпревар од пролетниот дел ЈСП поуспешни од Раде Кончар

Екипите на ЈСП, ВИП и Македонски Телеком со победи го отворија пролетниот дел од Бизнис лигата на Македонија.

Во првиот натпревар од пролетниот дел ЈСП поуспешни од Раде Кончар

Раде Кончар 4-9 (2-4) ЈСП

Раде Кончар: Сашо Трпчевски 11’20’ Даниел Ивановски 22’ Стефан Ицковски 39’

ЈСП: Даниел Антовски1’ 6’ 27’ 31’Давор Калиновски 11’ 16’ 30’ 38’ Љупчо Павловиќ 37’

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Раде Кончар и ЈСП. Одлично прво полувреме со многу шанси и убави голови одиграа и двата тима, екипата на ЈСП уште на самиот старт наметна иницијатива и уште во раната фаза на натпреварот успеа да стекне солидна предност. Екипата на Раде Кончар кон средината на полувремето успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. Сепак екипата на ЈСП до крајот на полувремето успеа да ја одржи предноста и на паузата да замине со резултат од 2-4. Во почетокот на второто полувреме екипата на Раде Кончар успеа да го намали водството на ЈСП и со сите сили се обидуваше да дојде до изедначување, но екипата на ЈСП доста искусно го бранеше својот гол и преку контра-напади константно го зголемуваше водството. На крајот екипата на ЈСП ги однесе бодовите преку резултат од 4-9.

Вип во драматична завршница до победа над Макпетрол

ВИП 9-8(5-3) Макпетрол

ВИП: Мартин Тодоровски 6’ 6’ 11’ 17’ 30’ 34’ Јовица Наумовски 14’ Иле Никодиновски 29’ 40’

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 11’ 28’ Ибраим Исмаили 14’ 19’ Александар Мишоски 21’ 38’ Илчо Филипоски 23’ Филип Митков 27’

Динамично прво полувреме, исполнето со одлични потези и прекрасни погодоци одиграа екипите на Вип и Макпетрол. Двете екипи влегоа жестоко во натпреварот и беспоштедно се бореа за секоја топка. Екипата на Вип беше поконкретна и своите шанси успеа да ги претвори во водство во 10та минута имаше предност од 3-0. Екипата на Макпетрол брзо успеа да се врати од овој шок и за неколку минути успеа да го намали водството на 3-2. До крајот на полувремето екипата на ВИП успеа да го задржи водството и на паузата да замине со резултат од 5-3. Во второто полувреме екипата на Макпетрол ја превзема почетната иницијатива и успеа за неколку минути да го израмни резултатот, а брзо после тоа и да го превзеде водството со резултат од 5-7. Денес расположената екипа на Вип со одлична игра во финишот на полувремето успеа да го израмни резултатот и буквално во последните секунди да дојде до победата со резултат од 9-8

Македонски Телеком со пресврт до победа над Окта

Окта 3-4(2-0) Македонски Телеком

Окта: Александар Јовчевски 2’ 7’ 30’

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 22’ 23’ 40’ Гоце Филипов 29’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Окта и Македонски Телеком видовме иницијатива на екипата на Окта која уште во првите минути вроди со плод и им донесе водство од 2-0. По ова водство на Окта темпото на игра опадна и двете екипи се држеа до средината на теренот без многу шанси кон головите. Екипата на Македонски Телеком во неколку наврати се обиде да го намали резултатот но до полувремето не успеа во тоа па замина со негатива од 0-2. Во второто полувреме уште во првата минута екипата на Телеком го намали водството и притисна кон голот на Окта со цел изедначување на резултатот во што и успеа во 23та минута. До крајот на натпреварот видовме крајно израмнета игра во која одлучуваа нијанси и двете екипи постигнаа по еден гол и го внесоа натпреварот во неизвесна завршница. Во последната минута од полувремето екипата на Македонски Телеком преку одлична контра успеа да го изненади противничкиот голман и да дојде до победа од 3-4.

21 февруари 2018 - 09:08