Макпетрол не ја разочара својата публика во дуелот со Систина

Екипите на Бетон и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол не ја разочара својата публика во дуелот со Систина

Аџибадем Систина 3-6(1-2) Макпетрол

Аџибадем Систина: Мирослав Неделковски 12’ Игор Ѓорѓиевски 32’ Никола Малјановски 38’

Макпетрол: Мишо Ѓоргиески 9’10’ Христијан Мицевски 31’ Мартин Дејановски 35’ 37’ 37’

Возбудливо прво полувреме со многу шанси за гол одиграа екипите на Макпетрол и Систина. Уште на самиот старт на натпреварот екипите се впуштија во целосна офанзива, играчите се растрчаа низ целиот терен и со многу комбинаторика се обидуваа да го отворат резултатот. Екипата на Макпетрол беше таа која прва дојде до водство, а веќе до 10та минута имаше предност од 0-2. Екипата на Систина по овој притисок од Макпетрол ги консолидираше своите редови и само две минути подоцна успеа да го намали резултатот и да тргне кон изедначување. Екипата на Макпетрол на овој притисок од Систина одговори со зацврстување на одбраната и не дозволи пормена на резултатот до полувремето.Во второто полувреме двата тима продолжија со висок ритам на игра, екипата на Систина беше таа која се префрли на противничката половина со цел да дојде до израмнување. Екипата на Макпетрол ги искористи дупките во одбраната на Систина која беше истурена во нападот и го одржуваше водството. Во втората половина од полувремето екипата на Макпетрол со чести ротации во нивниот состав го крена темпото на игра и успеа резултатски да се одвои и натпреварот го доби во своја корист со резулта од 3-6.

Бетон со пресврт допобеда во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-4(1-0) Бетон

Уни Банка: Александар Кузинаков 4’ 30’ Панче Чипов 40’

Бетон: Иван Димитриевски 23’ 29’ Иван Николовски 30’ Цветко Голабоски 39’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и Бетон, двете екипи наметнаа брзо темпо на игра и се редеа шанси на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Уни Банка преку Кузинаков, веднаш по примениот погодок екипата на Бетон успеа да створи неколку шанси за израмнување но голманот на Уни Банка не го дозволи тоа со неколку одлични интервенции. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка успеа да ја сочува предноста и на поузата да замине со резултат од 1-0. Во второто полувреме екипата на Бетон се префрли на противничката половина и од самиот старт вршеше постојан притисок, тие до 29та минута со два одлични погодоци на нивниот голман успеаа да направат целосен пресврт. Екипата на Уни Банка не се предаваше лесно па по неколку минути успеа да го изедначи резултатот преку денес расположениот Кузинаков. По ова израмнување екипата на Бетон успеа да направи притисок кон противничкиот гол и преку контра напади да реализира за победа од 3-4.

1 март 2018 - 12:28