Иако сите го отпишаа Манчестер кој после поразот од 0-2 дома, без пола екипа отпатува на реванш со ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа 1-3 со гол од пенал по преглеудвање ВАР во 92’ минута и одат понатаму!
Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.
Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.
Божиќното коло не е обично коло во англискиот фудбал. Секоја година традиционално луѓето фамилијарно уживаат во најдобрата лига на светот, на најголемиот христијански празник - Божиќ.
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.
По поразот во Јане Сандански, ракометарите на Вардар доживееа уште пораз од Барселона, овој пат двојно повисок со резултаат 34:26. Момците на Парондо беа на висина на задачата само едно полувреме.
Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.
Македонскиот шампион првпат сезонава со спуштени глави го напушти паркетот на домашен терен. Барселона беше многу подобра 26-30. По оваа победа, Барселона е прва во групата со 12 бодови, следуваат Вардар, Рајн-Некар и Виве Кјелце со по 10.
Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.
Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во саботата одбил на дресот да го носи симболот црвен мак со којшто во овој период од годината се обележува спомен на настраданите британски војници во Првата светска војна.
Без својата ведета Халил Јагањац кој направи голем и заслужено заработен трансфер, ракометарите на Металург во 6. коло од ЛШ, со три нови лица, ја остварија првата победа - во Скопје совладан Чеховски Медведи со 25-24.