Манчестер Јунајтед стана првиот тим во историјата на ЛШ кој после пораз со два гола разлика дома, отишол понатаму по убедлив триумф на гостински терен. Првиот гол од вкупно три го дадоа по катастрофална грешка на бекот на ПСЖ Муние кога Лукаку ја скрати топката и лесно го совлада Буфон. Уште една покатастрофална грешка направи токму Буфон во 30’ минута кога пак Лукаку беше најспретен. На крај неверојатен финиш на мечот.
Лига на шампиони, осминафинале резултати:
ПСЖ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1-3 (1-2) прв меч 0-2, вкупен резултат 3-3
/Бернат 12’ - Лукаку 2’, 30’, Рашфорд 90+2’/
Одлуката за пенал по играњето со рака на Кимпембе на ВАР и решавачкиот пенал на Рашфорд:
1 - Manchester United are the first team in Champions League history to progress to the next round having lost by two or more goals at home in the first leg of a knockout match. Incredible. #PSGMUN
— OptaJoe (@OptaJoe) March 6, 2019
****
На вториот меч вечерва, Порто после 90 минути надомести 2-1 од Рим, а во продолжение дадоа гол од пенал по прегледување на ВАР снимката за ситуацијата кога Флоренци влечеше противнички играч во шеснаесетникот.
РОМА - ПОРТО 3-1 после продолженија (2-1) прв меч 2-1, вкупен резултат 4:3
/Соареш 26’, Марега 52’, Тељеш 117’ - Де Роси 37’/