Утре од 13.30 почнува празничниот Boxing Day: Фулам на Клаудио Раниери го отвора колото со Вулвехремптон а од 16 часот: Ливерпул ќе се сретне со својот поранешен тренер Рафа Бенитез и неговиот Њукасл кој игра во слаба форма.
Пеп Гвардиола има незгодно гостување против Лестер со кого пред една недела играше на исто место во Лига Купот и едвај пројде на пенали.
Во 19. коло Сити и Челси (му гостува на Вотфорд) ќе се обидат да се вратат на победничка патека после поразите во минатото коло на домашен терен. Сити има 2 порази на последните 3 средби во Премиер па Јирген Клоп и Ливерпул им се одлепија на 4 бода.
Лестер благодарение на Варди го победи Челси со 0-1 минатото коло па Маурицио Сари ќе мора да ги опорави играчите од тој пораз.
Во моментов во Англија Ливерпул е единствената непоразена екипа: Редси имаат 7 победи по ред и го чекаат Њукасл кој освои само 1 бод на дуелите против последнопласираните тимови Фулам и Хадерсфилд па Рафа изјави дека тешко ќе изборат опстанок во Премиер ако продолжат вака.
На здрави нозе е Тотенхем со 4 победи по ред па покер ќе бараат против Борнмут. Тимот на Еди Хау има 3 победи и 6 порази, без нерешен резултат во последните два месеци.
Од 16 часот новиот Манчестер Јунајтед со Оле Гунар Солскјер (изненадија со убедлив триумф од 1-5 против Кардиф на гости). „Црвените ѓаволи“ во моментов се 6. место со 29 бода и ќе се обидат да ја намалат разликата со евентуална победа против Хадерсфилд на „Олд Трафорд“. Хадерсфилд има 5 порази по ред и е убедливо последен.
Евертон после дебаклот од Тотенхем (2:6) ќе гостува кај Барнли кој има 5 порази на последните 6 меча а Кристал Палас (6 бода во 180 минути) го пречекува Кардиф кој не знае за нерешена средба уште од август месец.
Од 18.15 Арсенал му гостува на Брајтон. Тимот на Унаи Емери го стигна Челси на 4 мсто со 37 бода благодарение на победата од 3-1 над Барнли. Брајтон е 13-ти и падна на последните три натпревари (порази од Барнли, Челси и Борнмут).
Од 20.30 на сцена излегува Челси кој на „Викариџ Роуд“ ќе му гостува на Вотфорд кој нема пораз три кола по ред и има победи против Кардиф и Вест Хем. За задутре вечер, на стадионот „Сент Мери“, на празникот Свети Стефан е закажан мечот меѓу Саутемптон и Вест Хем.
„Светците“ од Саутемптон играат како препородени со новиот стручњак Хазенхутл (поранешен тренер на Лајпциг) кој после поразот од Кардиф освои максимални 6 бода против Арсенал и Хадерсфилд и го качи Саутемптон во сигурната зона.
Вест Хем излезе од победничката серија на 4 триумфи по ред и дома „се лизна“ против Вотфорд. Мануел Пелегрини е сигурен со 24 бода, но затоа Саутемптон ќе мора да гризе во последниот меч од 19 коло.
ПАРОВИ ЗА БОКСИНГ ДЕЈ:
Среда, 26 декември:
13.30
Фулам - Вулверхемптон
16.00
Ливерпул - Њукасл
Манчестер Јунајтед - Хадерсфилд
Тотенхем - Борнмут
Лестер - Манчестер Сити
Кристал Палас - Кардиф
Барнли - Евертон
18.15
Брајтон - Арсенал
20.30
Вотфорд - Челси
Четврток 27 декември
20.45
Саутемптон - Вест Хем