Зошто Пјонтек ги слави головите со имитација на рафално пукање?

Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.

Неверојатниот полски репрезентативен шпиц уште еднаш ја воодушеви италијанската и европската јавност откако одигра супер натпревар и го постигна 14 гол во Серија А сезонава.

И во Милано и во Рим, Пјонтек головите ги прослави автентично во негов стил: лизга на колена, се наведнува наназад, со рацете прави истрели од пиштоли и вика: „Пау, пау, пау“.

Полјакот така го славеше секој гол и во претходниот клуб, па многу жители на Џенова и Милано кога ќе го сретнеле, го прашувале што означува имитацијата на пукање со пиштол.

Навивачи на Џенова велат дека успеале да продадат неколку предмети со тој гест: маички, капи, шалови.

****

Личниот бренд на Пјонтек се родил токму во Џенова - и како и сите интересни работи на светот, се случило спонтано. Кшиштоф набрзо по доаѓањето во Италија почнале да го викаат bomber поради тоа што бил расен стрелец.

"На полски зборот bomber има друго значење. Тоа не е напаѓач кој дава многу голови како што овде го асоцираат италијанските новинари, туку баш пукач, истрелувач. Затоа решив да си поиграм и да пукам после секој гол", рекол Пјонтек во коментар за Il Secolo XIX.

Набрзо го добил и новиот прекар за кого не треба превод: Pistolero (како Луис Суарез). 

****

Интересно, уште пред 8 години во убавиот пристанишен град Џенова требало да дојде друг полски супернапаѓач. Роберт Левандовски бил на неколку „сантиметри“ од премин меѓу „грифоните“: правниот тим ги спремил документите, принтерот испринтал десетина листови, но запнало меѓу менаџерите па Роберт отишол да потпише со Дортмунд.

Оваа пропуштена шанса со најдобриот играч од Бундеслигата Џенова ја сфатила како пропуштена шанса и затоа минатото лето шефот на клубот Енрико Прециози не сакал да ја повтори истата грешка и го преткрал Вест Хем.

„Генералниот директор ми го покажа договорот со Роберт. Веројатно пред медицинските прегледи во Џенова јас живеев во истиот хотел во кој престојувал и Левандовски пред осум години. Но таа историја не ми беше притисок, раскажал еднаш Пјонтек и додал:

„Секако дека е интересно. Кога Роберт даваше голови во Лига на шампиони јас уште учев да играм фудбал а тренерот во Заглембе ми покажуваше видеа со настапите на Роберт - за да ги гледам и да ги повторам. Така ја подобрив играта со грб кон голот. И кога играме заедно во репрезентација, чуствувам олеснување. Го прашувам практично се што ме интересира: за режимот, за некои елементи, за тоа како гледа на фудбалот. Се надевам не му досадив“, рекол Пјонтек уште во Џенова.

 Поранешниот негов тренер Михал Пробеж додека никој не верувал во Пјонтек, рекол:

„Ако некој даде сега 3-5 милиони евра за Кшиштоф, тоа потоа ќе му донесе 30 милиони. Истото го велев и за Левандовски. Му држам палци зошто Пјонтек ќе успее. Некои ќе жалат што не го купиле од Полска за грош“, рекол тренерот Пробеж.

После неколку месеци, во април 2018 Џенова платила 4,5 милиони евра за Пјонтек а во јануари 2019 го продаде на Милан за 35 милиони!

Добро ја знаеле Прециози и Џенова бајката за „Белоти од 100 милиони евра“.

4 февруари 2019 - 10:02