Германскиот репрезентативен центарфор Тимо Вернер во последните неколку месеци е на удар на интернет мајтапџиите кои го искинаа со видеа, мемиња и коментари на неговите промашени зицери. Сега од германската Бундеслига стигна негов „колега“ по промаш. Некогашниот шпиц на Милан Кшиштоф Пјонтек ја имау утката на месецот.
Се разбира дека се мајтапиме со насловот, ама во иднина не му посакуваме вака во кариерата. Па ќе се шашардиса од толку разни тренерски замисли во кус период. Зарем има играч кој би сакал на секои два месеци да работи со нов тренер? Луда работа е ова што му се случува.
11 гола на 11 меча може да имаат само клубови од долниот дел на табелата, но не и Милан. Росонерите се до толку слаби во напад, што Болоња, Сасуоло, Лече и Џенова кои се под нив на табела, имаат подобра реализација. Несфатливо.
Кшиштов Пјонтек растура за Милан и само на првите четири средби стигна до 6 голови. Милан синоќа освои многу важни три бода на гостувањето против Аталанта која ја доби со пресврт (1:3). Два гола даде Пољакот, едниот страшно добар од многу тешка позиција, а не е за потценување ниту шајката на Турчинот.
Три натпревари, четири гола на Кшиштоф Пјонтек за Милан, кој се виде дека е дете со мастраф за многу поголем клуб од Џенова. Рокнете ги звучките и погледне како навивачите држат такт. Многу јако. Веќе се створи филинг меѓу Пољакот и публиката и никој повеќе не зборува за Игуаин.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
Реал Мадрид го совлада Алавес со 3:0, а Мариано Дијаз во еден дуел непречен од никој, сам себе се издрибла, се совлада, се исповрте и падна, а сакаше само да го оствари оној прв допир со топка. Смешки.
По двата гола против Наполи во Купот, вечерва полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек ја „начна“ и Рома. Во 26' минута на мечот на „Олимпико“, на асистенција на Бразилецот Пакета кој зимава дојде во Милан, Пјонтек го даде 14 гол во сезоната.
Напаѓачот на полската репрезентација се најде на сите насловни страни по медиумите во Италија откако синоќа имаше врвен настап за Милан против Наполи. Навивачката група Curva Sud веќе смислила една нова песна за него.
Добро што Џенаро Гатузо после играчката се фати за тренерска кариера, инаку немаше да биде толку интересно без него. Како велат „што на ум тоа на друм“.
Полјаците се во еуфорија откако вториот нивен расен стрелец по Аркадиуш Милик (11 гола за Наполи досега сезонава), ќе игра во голем клуб. Кшиштоф Пјонтек (13 гола за Џенова) дарбата за решетање ја имал уште во тамошната лига.
Одиш на базен и дете ко дете носиш пешкир од некој славен клуб кој е ин или од оној за кој навиваш. 12 години потоа истиот тој клуб те плаќа 35 милиони евра за да играш за нив со договор до 2023-та година.