Секоја наша вест за Гатузо е поврзана со некоја смешка и кај овој човек нема досадни изјави и прес конференции. Кога ќе одлепи нешто не можеш да го залепиш, тешка будалетинка е.
По 19-те гола на 21 меч во Куп и Серија А, навивачите на Милан имаат големи очекувања од замената на Игуаин, Кшиштов Пјонтек на кој Росонерите му дадоа доверба до 2023-та година, а на Џенова и фукнаа кеш од 35 милиони евра.
И сега пазете го Гатузо што кажа на прес пред мечот Милан – Наполи, закажан за сабота од 20:30 часот.
„Пјонтек ми личи на Робокап. Цело време вели само: Сакам да дадам гол, сакам да дадам гол, сакам да дадам гол“.
Потоа Рино продолжи малку посериозно.
„Физички е јак и сака многу да оди длабоко во напад. Дојде со голем ентузијазам и мислам дека може многу да ни помогне“, рече Гатузо кој потроши и некој збор за Игуаин.
„Гонзало е веќе минато, го направи својот избор и тоа е тоа, одиме напред. Остави многу позитивни работи, можеше да стори повеќе, а и ние можеби можевме да го ставаме повеќе за да се искаже најдобро“.
Навивачите му се придружија
The best striker OCP’s ever seen pic.twitter.com/wU2jUmVvnz
— daz (@dh296) January 25, 2019
Some would call him a.. Goal machine... pic.twitter.com/XdfczuChg9
— Hattrick Ewing🎾 (@HattrickEwing33) January 25, 2019