По завршувањето на мечот Лацио и Милан кој заврши 1:1, изјава по средбата даде Матео Салвини, кој истовремено е заменик премиер и министер за внатрешни. Инаку се работи за навивач на Милан кој упати критики до тренерот на Милан.
„Не разбирам зошто не направи ниту една измена?“, праша јавно Салвини на што очекувано повикан да одговори беше оној кој одлучува дали ќе има измени или не.
„Видете, јас не зборувам за политика бидејќи ништо не разбирам. На Салвини би му рекол да мисли на политика бидејќи покрај сите проблеми кои ги имаме во нашата земја, ако заменикот премиер зборува за фудбал, тоа значи дека не е на арно работава“.
Откако Гатузо потоа доби и одговори на новинарско прашање за тоа зошто не се решил за измени, повторно на крајот од пресот се врати на заменик премиерот.
„Ова е неверојатна земја. Салвини се мешал зошто не сум направил измени? Прво почна со Игуаин, потоа со билетите и ова стана навика“, рече Гатузо
И како што се навикнати политичарите, следуваше контра реплика на Салвини:
„Гатузо е најдобриот тренер што Милан може да го има, а јас коментирав како навивач“, врати Салвини кој повторно масираше со измените.
„Да речеме дека со некоја измена можеби мечот ќе завршеше со друг резултат. Јас го ценам Гатузо и како играч и како тренер. Кога на 1:0, тренерот на Лацио направи три измени со тројца свежи луѓе, ние не направивме ниту една, без разлика на тоа што не притискаа последните 20 минути“, заврши упорниот министер.
Лацио го израмни резултат во 94-та минута, а Гатузо не се реши за ниту една измена. Последен пат тоа се случило во Серија А во 30-то коло од сезоната 2013/2014 на мечот Рома – Торино 2:1.
Знаете кој последен пат постапил како Рино? Џан Пјеро Вентура.