Се бришел со пешкир од Милан, сега дресот ќе им го носи

Одиш на базен и дете ко дете носиш пешкир од некој славен клуб кој е ин или од оној за кој навиваш. 12 години потоа истиот тој клуб те плаќа 35 милиони евра за да играш за нив со договор до 2023-та година.

Дами и господа, ова е полската сензација Кшиштоф Пјонтек на 11 години, кој во Италија дебитираше со 19 гола на 21 меч во Куп и Серија А. Вчера ја напушти Џенова и својот идол и соиграч Пандев со кој играл на Сони, а новата задача му е да го пополни местото на Гонзало Игуаин кој полета за Лондон во Челси. Соништата знаат да се остварат.

24 јануари 2019 - 10:27