Вардар се соочува со два порази за седум дена во Лигата на шампионите и двата од Барселона која се наметнува како најсериозен кандидат за освојување на лидерската позиција во групата А.
Македонскиот првак одигра одлични 30 минути во кои се држеше во егал, но во второ полувреме имаше целосен пад во играта, а Барселона тоа го казни и му го нанесе еден од најтешките порази во поновата историјата на ЛШ.
Првиот дел донесе жестоко темпо и неизвесен ракомет во кој Вардарци не се предаваа и неколку пати имаа водство, а на полувреме Барселона имаше предност од 16:15.
Бродот на Вардар потона целосно во второто полувреме. Работите станаа јасни откако Каталонците направија серија од 7:0 и се одлепија на +8.
Иван Чупиќ постигна 5, Кристијан Дисингер и Димитри Кисељев по 4 гола, а Дејан Милосављев го заврши мечот 15 интервенции. Кај Барселона најефикасен беше Каспер Мортенсен со 9 гола.
Во следното коло Вардар на 24 ноември му гостува на Мешков Брест.