Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.
По поразот во Јане Сандански, ракометарите на Вардар доживееа уште пораз од Барселона, овој пат двојно повисок со резултаат 34:26. Момците на Парондо беа на висина на задачата само едно полувреме.
Македонскиот шампион првпат сезонава со спуштени глави го напушти паркетот на домашен терен. Барселона беше многу подобра 26-30. По оваа победа, Барселона е прва во групата со 12 бодови, следуваат Вардар, Рајн-Некар и Виве Кјелце со по 10.
И во ситуација кога сакаш да бидеш неутрален и да не носиш проценки и суд, не можеш да не кажеш дека Серхио Рамос на моменти не е најголемо говедо во европскиот фудбал.
Без својата ведета Халил Јагањац кој направи голем и заслужено заработен трансфер, ракометарите на Металург во 6. коло од ЛШ, со три нови лица, ја остварија првата победа - во Скопје совладан Чеховски Медведи со 25-24.
Актуелниот европски првак минува низ доста зезнат период. Го нема Роналдо, губи од Барса 5:1, деветти е на табела, ќе менува тренер и згора на сè се соочува со 14 повреди во само три месеци.
Во пресрет на ел класико се потсетуваме на мечот кога Реал ја згроми Барселона со 3:0 а најубавиот гол на тој дуел го даде бразилскиот бек Роберто Карлос.
По фантастични четири победи на четири меча, ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во групната фаза од Лига на шампиони: Кјелце - Вардар 31:27 (16:15).
Мануел Алехандро Гарсија Санчез е фудбалерот со чиј гол Алавес го победи Реал Мадрид првпат после повеќе од осум децении! Цели 83 години тимот од Баскија чекаше да го кутне „кралскиот“ тим. Притоа ова е првпат од сезоната 1984/1985 Реал Мадрид на 4 меча по ред да не даде гол. Сега Алавес е третопласиран со исто бодови како и Реал Мадрид кој има нешто подобра гол разлика.
Тој што мисли дека Вардар сезонава е послаб и почнува некоја си нова ера, гадно се заебал. Вардаровата машинерија го сомеле и силниот бундеслигаш со кој денеска го играа мечот на колото во ЛШ.
Кога го носиш товарот на актуелен европски првак и тоа во историска низа од три пати по ред, нормално дека минималниот пораз од една ЦСКА Москва ќе се смета за тежок. А да е само тоа проблемот. Нов шпиц им треба.
Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.
Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.
Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.
По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.
Македонската радио телевизија, велат оттаму, не наишла на прифатлива понуда од ЕХФ Маркетинг за откуп на правата на пренос од ракометната Лига на шампиони, така што нашите претставници Вардар и Металург ќе ги гледаме на друго место.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Алваро Одризола е најновиот член на Реал Мадрид. Се работи за 22 годишен десен бек кој дојде од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Ваква контрола на топка не сте виделе во живот.
Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.
Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.