Фасцинантно видео на Реал посветено на Роналдо

Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.

Заврши ерата на Португалецот на Сантијаго Бернабеу и од денес на 33 години станува нов член на Јувентус за кој потпиша 4 годишен договор. Трансферот изнесува 100 милиони евра, а годишната плата ќе му биде 30 милиони евра. Тоа е четири пати повеќе од до сега најплатениот играч во Серија А Игуаин кој земаше 7,5 милиони евра по сезона.

10 јули 2018 - 22:45