Мечот во Талин донесе одлични акции, супер голови и многу прекршоци.
Само што започна дуелот, во 49’ секунда Диего Коста им избега на Серхио Рамос и Рафаел Варан и со силен шут од агол „ја искина“ мрежата од голот на Кејлор Навас:
Тоа беше воедно и најбрзиот гол во историјата на Супер Куп натпреварите на УЕФА.
На актуелниот европски шампион кој прими гол на препад тоа многу не му засмета, па веќе во следните неколку напади створи сериозни шанси кои најавија тотална офанзива. Таквиот пристап им донесе израмнување во 27’ минута кога Герет Бејл центрираше од десна страна а таму Бензема со глава го фати во расчекор Јан Облак и израмни на 1-1:
До крајот од првиот дел Реал беше далеку подобар ривал, но избраниците на Хулен Лопетеги не реалзираа ниту една од неколкуте прилики.
Вториот дел започна со чести фаули и прекини на играта, а во 63’ минута „кралевите“ успеаа да направар пресврт. Хуанфран играше со рака во својот казнет простор и судијата досуди пенал.
Сигурен реализатор беше Серхио Рамос за 2-1 а капитенот на Реал не пропушти да ги закачне навивачите на Атлетико:
Следуваше мирен период, се играше на средината од теренот и кога се очекуваше Реал мирно да го приведе мечот до крај, Хуанфран искористи една мешаница, го пронајде Кореа кој од гол-аут линијата врати на петерец каде Диего Коста ја закова топката во гол за 2-2:
Основните 90 минути завршија 2-2 па се отиде во продолженија каде бандата на Диего Симеоне покажа голема надмоќ и физичка доминација. Атлетико Мадрид издоминира во дополнителните 30 минути и со прекрасните голови на Саул Нигез и Коке го декласираа Реал Мадрид за првиот пехар во европскиот фудбал сезонава:
⏰ RESULT ⏰
Atlético beat rivals Real Madrid in extra time to win the #SuperCup for the 3rd time in their history! 🏆 pic.twitter.com/ByxWLzSXKgLast time six goals were scored in a Madrid derby - 1999.
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) August 15, 2018— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 15, 2018
Real Madrid are heading for their first defeat in an international final since the year 2000...
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) August 15, 2018