БиХ не успеа да го освои второто место за да проба преку бараж да се пласира на Светско. Имаа подеми и падови, а на крајот од нивната група Белгија оди директно на Мундијал а Грција во плејофот. Навивачката група „БХфанатикос“ кои во сопствена режија патуваат насекаде каде игра Босна и Херцеговина, на гостувањето во Талин, Естонија покажаа зошто се во војна со фудбалската федерација која сега ја чека драконска казна за ова.