Радоста откако ќе го победиш Реал после 87 години со гол во 95-та

Мануел Алехандро Гарсија Санчез е фудбалерот со чиј гол Алавес го победи Реал Мадрид првпат после повеќе од осум децении! Цели 83 години тимот од Баскија чекаше да го кутне „кралскиот“ тим. Притоа ова е првпат од сезоната 1984/1985 Реал Мадрид на 4 меча по ред да не даде гол. Сега Алавес е третопласиран со исто бодови како и Реал Мадрид кој има нешто подобра гол разлика.

***

Последен пат фудбалерите на Реал Мадрид дадоа гол против Еспањол на 22 септември кога Марко Асенсио постигна погодок во 42’ минута. Од тогаш Реал играше против Севиља (пораз 3:0), Атлетико Мадрид (0:0), ЦСКА Москва (пораз 1:0) и Алавес (пораз 1:0).

6 октомври 2018 - 20:49