Во сабота немој да ми висиш пред телевизор

Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.

РОМА – ЛАЦИО 15:00

Фудбалскиот празник викендов стартува уште за ручек време и тоа со вечните ривали од Рим кои за прв пат се имаат сретнато на 8 декември 1929-та година. На тој меч Рома славела со 1:0, а на последниот минатата сезона кој се одигра на 15 април немаше голови. Да се надеваме дека така нема да биде и утре. Лацио влезе во одлична победничка серија со 4 од 4 и има 12 бода, а Рома заостанува на 8. Ја победи ли, ќе и избега на +7. Нема фаворит на ова дерби.

БАРСЕЛОНА – АТЛЕТИК БИЛБАО 16:15

Еден час и 15 минути подоцна може да се преселите на Камп Ноу каде Барселона ќе го пречека незгодниот Атлетик Билбао. Се работи за каталонско-баскијско дерби на кое домаќините веднаш ќе се обидат да се рехабилитираат од киксот со Леганес. Атлетик не ја стартувааше сезоната според очекувањата. Има само една победа по пет кола.

ЈУВЕНТУС – НАПОЛИ 18:00

Ако римското дерби ви е малку како понуда од Серија А, тогаш попладне имате меч меѓу две екипи кои лани ќе се заколеа за титулата. Јувентус има беспрекорен старт и ниту еден загубен бод, а Наполитанците заостануваат 3 бода кои ги загубија на незгодното гостување против Сампдорија. Лани знаете што се случи на Јувентус стадиум, Кулибали скокна во финишот од средбата и му донесе победа на својот тим со кој стана поинтересно прашањето за титулата. Не се пропушта овој дуел.

ЧЕЛСИ – ЛИВЕРПУЛ 18:30

Проблемот во речиси истиот термин го прават Англичаните или поточно Челси и Ливерпул кои стартуваат половина час подоцна. Во средата играа во Лига Купот на Енфилд Роуд, а четири дена подоцна ќе се пресметаат и на Стемфорд Бриџ во рамките на Премиер лигата. Момците на Сари го пресврт го елиминираа европскиот вицепрвак кој овој пат ќе се обиде да врати со иста мера. Ливерпул има 6 од 6, а Челси 5 победи и едно реми.

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 18:30

Ако нешто се затупи играта во Лондон, може да разбиете монотонија со Бундеслига бидејќи во истиот термин се среќаваат Баер и Борусија. Ако на Милионерите им тргне како во средата против Нирнберг, тешко на домашниот тим. Борусија ќе патува на гости после триумф од 7:0.

РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 20:45

И како капак на оваа богата сабота со фудбалски мастрав е мадридското дерби кое секогаш има голем драж. Реал против Атлетико или вториот против третиот на табела кој му беа само 2 бода. Прво вакво дерби без Кристијано Роналдо после долго време.