Тешко на Реал без Роналдо и со Бензема што не знае кај е голот

Кога го носиш товарот на актуелен европски првак и тоа во историска низа од три пати по ред, нормално дека минималниот пораз од една ЦСКА Москва ќе се смета за тежок. А да е само тоа проблемот. Нов шпиц им треба.

Реал Мадрид загуби од ЦСКА Москва со гол кој го прими на своја грешка по само 65 секунди игра и тоа е најбрзиот погодок во последните 11 години во Лигата на шампионите.
 
Има уште еден поразителен податок поврзан со истата временска дистанцаа, а тоа е дека од 2007-ма година не се случило Реал да влезе во серија од три меча без постигнат гол.
Тогаш под водство на Фабио Капело на 20 декември годината ја завршија со тежок пораз од 3:0 од Рекреативо Хуелфа, а новата година ја почнаа со пораз од Депортиво, а потоа реми со Реал Бетис.
 
Овој пат со Лопетеги за седум дена одиграа три меча на кои не ја затресоа мрежата. Загубија 3:0 од Севиља, па ремизираа против Атлетико и синоќа беа поразени од ЦСКА Москва.
 
Никогаш во ерата на Кристијано Роналдо, Реал не влегол во ваква лоша серија, а излезе и еден податок дека Кралевите синоќа прекинале и голгетерска низа од 30 средби во ЛШ.
Згора на се Реал во Москва настапи без повредените Бејл, Иско, Рамос и Марсело, а добра вест е што повредата на Велшанецот од мадридското дерби не е сериозна и тој се враќа во сабота против Алавес.
 
Факт е дека Роналдо постави високи цели на Бернабеу, ама што правиме со овој факт?
 
Замислете Карим Бензема на последните 6 средби како стартер ни еднаш не успеал да го погоди голот. Ниту еден од неговите 15 обиди не му е во рамки на гол.
 
3 октомври 2018 - 11:47